Post Views: 12
Иницијатива за нова поштенска марка. Вработена во Македонски Пошти подружница Охрид неодамна предложи идеја за излегување од печат на марка посветена на лицата со ретки заболувања. Оваа идеја прифатена е од првиот човек на охридската подружица Сејфула Хани, кој одма се зафти со работа и веќе оствариле средба со раководителот на Бирото за филателија.
„Бевме добро пречекани и добивме поддршка од нивна страна за нашата инициијатива, иако тој на наше општо задоволство се ангажираше новата марка да влезе во програмата за 2016 година, но поради огромната зафатеност со...
Post Views: 13
Популацијата на Балканскиот рис во Македонија, на критично ниво, односно пред исчезнување. Македонските експерти укажуваат дека според последната анализа во 2015 год што е направена на Европско ниво по земји, вклучувајќи ја Македонија, постојат сериозни закани за популацијата на рисот.
„Проблемот со рисот во НП Галичица е поврзан со криволов и со недостиг на храна иако овде сакам да изјавам дека НП Галичица е единствен во Македонија од трите постоечки кои навистина го забранува ловството како една активност постоечка“
Од Македонското еколошко друштво кажаа дека на...
Post Views: 1
Силниот ветер кој синоќа на моменти дуваше со јачина од над 100 км на час, предизвика повеќе штети во охридско – струшкиот регион. Како што информира портпаролот на ЕВН Македонија, Атанас Ковачески, од силниот ветер дошло до кинење на проводниците на 10 киловолтните далеководи во дистрибутивната мрежа, а како последица на тоа неколку села од Дебрца синоќа останаа без електрично напојување.
„Повеќе населени места останаа без напојување, екипите се постојано на терен работат, веќе поголем дел од испадите се санирани, имаше повеќе проблеми и во делот на Дебрца,...
Post Views: 1
Нема оправданост од изградба СКИ центарот на Галичица, бидејќи не постојат услови за тоа, сметаат од граѓанската платформа Охрид СОС. Овој преокт е само еден од петте развојни проекти за кои вчера во НП Галичица се одржа јавна расправа во однос на ревидираниот Извештај за стратегиска оценка на влијанието на животната средина на предлог измените на Планот за управување со Националниот парк Галичица. Според нив туризмот на НП Галичица не смее да се темели на деструктивни проекти.
„Се помалку имаме снег на Галичица, а за да се идентификува извор на снег треба да се...
Post Views: 6
Денес православните верници се подготвуваат за Бадник. Овој празник се прославува ден пред Божик и претставува последен и најстрог ден на божиќниот пост, како и голема среќа, бидејќи претходи на денот на Исусовото раѓање. Еден од симболите на народот за бериќетна година е Бадниковото гранче. А за значението на Бадниковото гранче, за ТВМ кажа билкарот Чедо Андрески.
„Бадниковите гранчиња се продаваат денес и утре и утре за Бадник го даваат симболот на народот за бериќетна година и да оди се како што треба, како што ќе даде Господ да оди народот понапред да има здравје...
Post Views: 1
Од Секторот за внатрешни работи информираат дека поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „убиство“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против лицето Б.У. (29) од Краљево, Република Србија.
Во пријавата, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ опфатени се и М.П.(26 ) и Ѓ.П.(25 ) исто така од Краљево,
Република Србија. На тројцата пријавени одредена им е мерка притвор во траење од 30 дена.
Post Views: 0
Сочувство до семејството на 26 годишниот охриѓанец Димитар Матиловски кој на новогодишната ноќ беше претепан до смрт од српски туристи, изрази првиот човек на градот Никола Бакрачески.
„Јавно изразувам сочуство со болката и тагата на семејството за прерано починатото момче се работи за млад човечки живот на 26 годишна возраст и загубата на семејството е огромна, неизмерна“ – изјави Бакрачески.
Димитар бил студент на ФОН, на чекор до дипломирање. Неговите другари, соседи, пријатели, кажуваат дека во Охрид бил познат како мирно и повлечено момче. Никогаш не бил...
Post Views: 2
Гическа Марија од Ресен го роди првото бебе во Охрид во Новата 2016 год. Бебето е машко и тежи 3 кгр 550, а долго е 52 см. Мајката се чуствува одлично, бидејќи поминало се како што треба. Таа изрази голема благодарност до целиот медицински тим на гинеколошкото одделение при општа болница Охрид, за како што изјави, големата професионалност и добрите услови кои ги нуди ова одделение. За неа ова е прва рожба.
„Прво и многу лесно се породив задоволна сум од целиот тим“
Дежурната докторка Охридија Филева, рече дека се чуствува задоволство кај персоналот за гестот кој го...
Post Views: 1
Годинава во Охрид започна без принова. На одделението за гинекологија при општа болница сеуште се чека првото новороденче во Новата 2016 год.
Меѓутоа охриѓанка се породила во Струга, па така првото охриѓанче според информациите од Општа болница во Струга е родено на ова одделение.
За разлика од Охрид, соседна Струга, годината ја започна со 5 новороденчиња. Првото родено е во 6 часот и 55, машко дете со тежина од 3 150 грама. Според народните кажувања ако прво родено во новата година е женско, годината ќе биде бериќетна. Како ќе биде тоа годинава допрва ќе видиме.
Post Views: 3
Неколку илијади охриѓани и гости Новата 2016 год ја дочекаа на охридскиот плоштад „Св Климент Охридски“, со легендарните хитови на дивата Калиопи. И покрај ладното време и минусните температури атмосферата во центарот на Охрид беше жешка благодарение на настапот и на останатите познати македонски музички имиња како Боби Мојсоски, незменливите „Билјана Јуниор“, Викторија Лоба и Компас бенд. Со овие имиња и величенствениот огномет, охриѓани и гостите влегоа во Новата 2016 година и точно на полноќ заменик градоначалникот Ангел Јанев со кратко обраќање на своите сограѓани...
Post Views: 5
За новогодишните празници Општа болница Охрид и Итната медицинска помош ќе работат 24 часа. Медицинскиот персонал на охриѓани и на гостите кои во случај да имаат потреба од медицинска ургенција им стои на располагање нон стоп, вели раководителот на Итната медицинска помош д-р Горан Симјановски. Тој нагласи дека вечерва од 20 до 08 часот наутро ќе рабти и итната стоматологија во рамки на Здравствен дом Охрид.
„Во овие празнични денови бидејќи матичните лекари не работат нашата дежурна служба за сите оние на кои им треба помош е отворена. Не само за граѓаните на Охрид...
Post Views: 5
Олабавување на ригорозните мерки од Законот за заштита од пушењето за угостителите, предлага пратеникот на СДСМ Томислав Тунтев. Ова всушност доаѓа на иницијатива од угостителскиот еснаф на Охрид. Пратеникот Тунтев укажува дека со бројните измени и дополнувања на Законот од 2008 година наваму, воведувани се се’ построги правила кои, се премногу ограничувачки, како за пушачите, така и за вршителите на угостителската дејност. Според него актуелното законско решение само дополнително ја влоши економската состојба во сферата на туризмот и угостителството, посетеноста...