Автор: Николоска Биљана

Во Охрид има деца од ранливата категорија кои сеуште немаат матичен број

Post Views: 0   Многудетните семејства со над 5 деца кои припаѓаат на ранливата категорија на граѓани се соочуваат со низа проблеми. Не ретко кај дел од тие семејства децата се среќаваат на улица голи, боси, гладни, истоштени дури и во доцните ноќни часови. И нормално тука се наметнува прашањето, кои се ингеренциите на Центарот за Социјална работа и останатите релевантни институции кои работат со ранливата категорија на граѓани. „Немаме увид на ситуација значи мораме прво да имаме пријава, дали од МВР, родител, комшија од било кој за да можеме да покренеме постапка. Одма тимот оди...

Continue reading

Дијагностичка анализа за сливот на Дрим

Post Views: 2   Денес се одржа првата средба на фокус групата од ГЕФ проектот „Овозможување на прекугранична соработка и интегрирано управувње со водените ресурси во целокупниот басен на реката Дрим“. Вакви средби веќе се одржани во Албанија, Црна Гора и Косово. На нив присуствувале сите засегнати страни кои ќе допринесат и на локално и на централно ниво за реализација на овој проект кој официјално започна јуни месец годинава и ќе трае 4 години, како што појасна заменик министерот за животна средина Стево Темелковски. „Ќе резултира со една меѓудржавна дијагностичка анализа од која...

Continue reading

Нов кабинет по биологија во ОУ „Григор Прличев“

Post Views: 3   Учениците од ОУ „Григор Прличев“ упатија силна порака до охридскиот градоначалник. Тие од него како човек кој треба да се грижи за општината му препорачаа да го применува процесот на фотосинтеза, односно во градов да биде застапено зеленилото кое испуштајќи кислород преку лисјата ќе го збогати градот со чист воздух. Денес свечено беше пуштен во употреба подновениот и реконструиран кабинет по билологија, проект реализиран преку донација на германската влада и општина Охрид. „Тоа создаде услови да учениците во ова ОУ се стекнат со можност за поадекватно да пристапат...

Continue reading

Бакрачески: Општина Охрид би поддржала проект,Банка за храна

Post Views: 2   Охрид има потреба од Банка за храна. Сиромаштијата била, е, и ќе биде присутна и понатаму, а факт е дека голем дел од храната од дистрибутивните центри, големите маркети како и од хотелско угостителските капацитети завршуваат на ѓубре. Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, вели дека досега не размислувале за реализација на еден ваков проект, но смета дека Локалната самоуправа на Охрид би можела да поддржи еден ваков проект. „Вака како идеја е допадлива, значи можеме да ја разгледаме да видиме колку таа е остварлива, одржлива,кои се механизми треба да ги вклучиме...

Continue reading

Охрид го одбележа 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба

Post Views: 7   Со пригодна свеченост, Општина Охрид се вклучи во одбележувањето на 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. Пред присутните денес во големата општинска сала се обрати градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески. Во вакви пригоди, кога ги чествуваме херојствата и слободарските идеали на нашите претци, инспирирани сме и чувствуваме обврска како генарација да продолжиме по нивниот пат и да ја чуваме слободна, суверена и независна Република Македонија, истакна Бакрачески. „Нашата отвореност, природно се надоврзува на благородната идеја на Европската унија,...

Continue reading

ОК на ВМРО – ДПМНЕ Охрид има нов претседател, д-р Љубен Арнаудов

Post Views: 11   Д-р Љубен Арнаудов е новиот претседател на ОК на ВМРО – ДПМНЕ Охрид. Така одлучи Извршниот комитет на партијата рано утринава. „Ќе стојам гордо на чело на охридскиот огранок ова партија, работејќи исклучиво во интерес на граѓаните“, истакна Арнаудов. Тој доаѓа на местото на Атанаско Михаилов кој оваа функција ја вршеше 6 години. „Чувствувам голема одговорност да некои работи и идеи кои цел живот сум ги носел, да добијам шанса да ги реализирам во добробит на партијата, граѓаните на Охрид и целата наша татковина. Многу изненадувачки беше, ми треба време малку да се...

Continue reading

Градоначалникот Бакрачески пазареше за сиромашните

Post Views: 3   Градоначалникот Никола Бакрачески пазареше и донираше за сиромашните. Традиционално и годинава во рамки на одбележувањето на “Неделата на борба против гладта“, градоначалникот, претставници од Општината и директорите на охридските Јавни претпријатија со купување трајни прехранбени производи и средства за лична хигиена се вклучија во акцијата што Локалната ја реализира заедно со Црвен Крст Охрид, а се однесува на донирање прехранбени пакети за социјално загрозените семејства од градов. Бакрачески истакна дека целта е да се подигне свесноста кај населението во Охрид...

Continue reading

Социјалниот момент во Охрид неповолен

Post Views: 0   67 охриѓани еден оброк во денот го добиваат во народната кујна. На некои од нив тоа им е и единствениот оброк во денот. Социјалниот момент во Охрид неповолен. Секојдневно во ЦСР од Охрид луѓето од ранливата категорија на граѓани, приматели на некаков вид парична помош покрај тој додаток, бараат и еднократна парична помош. И не само тие, на вратата од Центарот тропаат и граѓани кои не се приматели на некаква помош а имаат потреба од парични средства за да се прехранат, информираат од овој центар. Според последнитие податоците, заклучно со месец август, на листата приматели...

Continue reading

Охридскиот театар со нова премиера, „Малиот Принц“

Post Views: 1   Охридскиот Народен театар прикажува нова премиера. Станува збор за претставата „Малиот Принц“ од Сент Егзипери. Горан Стојаноски директорот на ЦК најавувајќи ја оваа претстава за деца но и за возрасни вели дека обработувале една несекојдневна тема. „Малиот Принц низ светот е познат со една тема која навистина е инспиративна, која зборува за внатрешноста на човекот на средбата на Малиот принц сам со себе, и таа симболика е претставена на некој начин од луѓето кои се овде“ – рече Стојаноски. Режисер на претставата „Малиот Принц“ е Ѓорги Ризески. Тој вели дека претставата...

Continue reading

Танасоски: Самоволие во управувањето и раководењето со охридкста градинка

Post Views: 6   Самоволието во управувањето и раководењето со Детската градинка „Јасна Ристеска“ е на штета на родителите, воспитнообразовниот процес, а најмногу на децата, обвинија охридските социјалдемократи на денешната прес конференција која се одржа пред централниот објект на оваа Установа. Ѓоко Танасоски од СДСМ истакна дека четири години по ред укажувале на неправилностите и несериозноста во раководењето со градинката. „Реконструкцијата на централниот објект од градинката, за којашто неколку пати досега алармиравме и баравме извештај а која што пред неколку месеци требаше да...

Continue reading

Акција на Citroën денес во Охрид

Post Views: 1   Акција на Citroën денес во Охрид. Помалку невообичаено но сепак интересно тимот на Citroen, ги изненади сопствениците на возилата на оваа реномирана автомобилска марка. Подмладокот на оваа компанија заврза по еден балон со натпис „Овој човек има стил, вози Citroën“ на возилата од оваа марка кои беа паркирани во центарот на градот. По убавото, топло и сончево време и големата раздвиженост на Градскиот плоштад, глетката беше интересна и прифатена од граѓаните кои пиеја кафе по охридските кафе барови, а особено од најмладите. Компанијата Inside Auto, чиј салон се наоѓа...

Continue reading

Охридските извидници ги промовираа своите активности

Post Views: 0   Денес ИО „Пионер“ на градскиот плошатад изврши промоција на својот одред. Тие пред присутните презентиираа што сработиле, што работат и кои се нивните идни активности. Што треба за да станеш извидник, кој се може да стане дел од ова големо семејство? На овие прашања одговори Николче Костоски од ИО „Пионер“. „Извидништвото претставува една голема филозофија на живеење кое се применува насекаде низ светот. Во извидници можат да се научат многу работи. Пред се инсистираме до сите млади кои се заинтересирани и се големи љубители на природата и дружењето, да дојдат да не...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top