Автор: Николоска Биљана

ptica

Пеликанот и чапјата одлетаа во Преспа

Post Views: 4 Проблемот со палењето на трската не е нов. Таа се обновува, но исчезнуваат ретките видови на птици. Тоа посебно е изразено на езерскиот појас од Струга кон Калишта. Дали треба на тоа да останеме неми или да прашуваме и да не се откажуваме се додека не добиеме одговор…. Кој ја пали трската? Дали сторителите се свесни за нејзиното огромно значење за езерскиот биодиверзитет? И како е можно тоа дивеење и насилство на поединци да се толерира? Познато е ама добро е да се истакне. Последниве десет години крајбрежниот појас на Охридското Езеро е подложен на силна агресија...

Continue reading

Ограбени охридските сувенирници

Post Views: 1 Ограбени трите сувенирници во Охрид. Изминатиот викенд непознат сторител извршил кражба во охридските сувенирници кои се во сопственост на Завод и Музеј Охрид. Директорката Тања Паскали Бунташеска, вели дека крадците биле влезени по пари, бидејќи ништо не недостига од сувенирите. „Исклучиво беа земени финансиските средства кои што беа затекнати до фискалните каси, друго ништо не земено, направена е штета, не се големи финансиските средства, само што кражбата е извршена“ Бунташеска вели дека настанот го пријавиле во полиција и тврди дека објектите каде што се продаваат...

Continue reading

Нови образовни профили во охридското Угостителско училиште

Post Views: 1 Сега кога деветтоделенците се наоѓаат пред една важна одлука каде да го продолжат своето средно образование, професионален тим од угостителското училиште ги посети основните училишта од градов. Заменик директорот Перчо Божиновски вели дека престојната учебна година очекуваат поголем број на уписи на ученици бидејќи смета дека свеста и кај учениците и родителите е поголема, дека нашиот град живее од и за туризмот и дека на еден ученик со диплома од туристичкото училиште, работното место по 18 година му е загарантирано. „Имаме посета на основните училишта и на учениците...

Continue reading

predmet tusi

Сомнителна судска одлука

Post Views: 0 Наместо да се потврди 10 годишната затворска казна која е два пати изречена во Основниот суд Струга, истата е драстично намалена. Оштетениот Туши е шокиран од најновата пресуда. Добовјанецот Меди Туши со нарушено здравје две години талка по судови, барајќи правда. Тој бил жртва на грабеж, при што не само што бил ограбен туку претрпел и сериозни телесни повреди. Откако излегол од кома, започнало неговото трнливо патешествие во постапката против обвинетиот за нападот, инаку негов поранешен киријаш. ТВМ пред половина година информираше за овој случај. Туши смета дека се...

Continue reading

„Охрид трчаТ“

Post Views: 1 Градот се подготвува за големиот настан „Охрид трчаТ“. Организаторот, Асоцијација за спортови СПОРТ ЗА СИТЕ – СИТЕ ЗА СПОРТ најавува настан кој ќе остави белег во нашиот град. Настанот е од спортско промотивен карактер и основна цел е да се даде допринос на растечката тенденција на спортски настани кои се одржуваат во Охрид, вели Иван Цветкоски од Асоцијацијата. Додава дека како спортска дисциплина е избрано трчањето бидејќи атлетиката е основа на сите спортови но и здрава навика за добар психофизички живот. „Ние како асоцијација осетивме клима и потреба за реализација...

Continue reading

Годишна средба на ИПА 2 Механизмот за граѓански организации

Post Views: 2 Трета годишна средба на ИПА 2 механизмот на граѓански организации. На оваа средба граѓанските организации два дена ќе дискутираат и ќе бараат решенија за секторските предизвици, но и ќе споделат добри практики, идеи за секторска комуникација и вмрежување. Ана Чоловиќ Лешоска од Еко свест, информира дека иницијативата е започната во 2012 со 9 граѓански организации за да денес после 5 години во неа се вклучени над 200 организации. „Сметаме дека се она како заклучоци кои ќе произлезат од оваа средба ќе бидат корисни не само за граѓанскиот сектор и за делегацијата на ЕУ...

Continue reading

Лоши услови за работа на полициските службеници на преминот „Џепиште-Требиште“

Post Views: 1 На лоши услови за работа на полициските службеници во службениот објект на граничниот премин меѓу Македонија и Албанија „Џепиште-Требиште“, укажува претседателот на Независниот полициски синдикат на Македонија, Гоце Делчев. На преминот, кој беше отворен пред четири години, се вршат гранични проверки на граѓаните од страна на полициските органи на Македонија и Албанија. „Условите за работа и живот на полициските службеници на граничниот премин „Џепиште-Требиште“ е под сите човечки норми бидејќи основни услови за изведување на физиолошки потреби на овој премин нема односно...

Continue reading

Трето одделенците од ОУ „Григор Прличев“ беа во посета на регионалната телевизија ТВМ

Post Views: 14 Трето одделенците од ОУ „Григор Прличев“ денес беа во посета на регионалната телевизија ТВМ. Тие имаа можност да ги разгледаат сите простории, студијата, техниката, режијата, новинарскиот деск, аудито. Учениците се запознаа со техничко монтажната работа, работата на новинарите како и со снимањето на контактните емисии, дневникот. Наставничките кажаа дека целта на посетата е учениците да дојдат и конкретно да видат како изгледа една телевизиска куќа, бидејќи се тоа е застапено во нивната наставна програма. Учениците пак, покажаа голем интерес за запознавање со дел од...

Continue reading

seroti

Сероти, прогласен за лауреат на СВП

Post Views: 8 Јужноафриканецот Монгане Вали Сероти е годинешниот лауреат на Струшки Вечери на Поезијата. Францускиот поет Франсоа-Ксавие Мер пак, ја понесе наградата на УНЕСКО и на СВП за годинава. Ново име на манифестацијата е и Виолета Дишлиеска, во функција на В.Д. директор. Соопштени имињата на годинешните добитници на Златниот венец  и наградата за најдобра дебитантска книга на млади поети ,,Мостови на Струга”. Нив денес на прес конференција  ги објави министерката за култура Елизабета Канческа Милеска. Во дел на нејзиниот говор стои:„Дозволете ми да го изразам моето големо...

Continue reading

Има перспектива за акцијаштвото и волонтеризмот

Post Views: 0 Младинските работни акции беа најромантичниот дел од Југословенската историја. Љубовта, носталгијата, дружбата и стекнатите хумани навики од тие средби, до ден денес оставија неизбришливи траги кај акцијашите, поточно од времето каде што хуманоста, солидарноста и волонтеризмот беа нивен основен водич на патот кон успехот во животот. Денес во големата општинска сала во Охрид се одржа годишното собрание на Сојузот на акцијаши волонтери на Македонија на кој присуствуваа 30 делегати од 4 градови Охрид, Скопје Куманово и Штип. „Волонтерството и акцијаштвото се многу сродни...

Continue reading

Државен натпревар по физика во Охрид

Post Views: 4 Во ОУ „Христо Узунов“ денес се одржа еден од најголемите настани во земјава, натпреварот по физика. Младите физичари од цела земја беа дел од 41 натпревар, поделени во две категории, осмоодделенци и деветтодделенци. Тие во времетраење од 2 часа решаваа по 5 задачи. Претседателот на Друштвото на физичари на РМ доц. Д-р Боце Митрески вели дека со изучување на физиката, со мал напор може да се постигне голем успех, додавајќи дека за жал во нашата земја има малку физичари, но за среќа сите се вработени и секогаш има дефицит на овие кадри. „Активностите на Државниот..или...

Continue reading

Сообраќаен колапс на ул „Гоце Делчев“

Post Views: 2 Сообраќаен колапс на ул „Гоце Делчев“. Пристапниот пат до некогашниот паркинг, а сега времено решение за градски пазар, од ден на ден прераснува во сериозен сообраќаен проблем. Пешаците и возилата едвај се снаоѓаат да се разминат, а вистински хаос се случува кога влегува камион до градилиштето каде што се отпочнати градежните работи на новиот затворен градски пазар. Состојбата дополнително се комплицира од узурпираната површина од пластични столпчиња кои го стеснуваат и онака тесниот пат. Бројни се забелешките и на дуќанџиите, на овој потег. Тие во брифинг за телевизија...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top