Автор: Николоска Биљана

merko

Реновирана сала, нерешен меч

Post Views: 4 Струшките општински функционери за кратко ги соблекоа своите официјални оддела и облекоа дресови. Причина за тоа пријателскиот меч во фудбал помеѓу општината и екипата на УНДП, а повод за натпреварот реновирање на дел од општинската училишна сала на струшката гимназија „Нико Нестор“. Градоначалникот Рамиз Мерко рече дека во спортот нема пораз, само победа. Додаде дека реновирањето на салата било неопходно, за што и помошта од 700 000 денари од УНДП  била добредојдена.   „УНДП помогна со средаства а општината со работна рака“-вели Мерко. Екипата на УНДП, беше во добра ...

Continue reading

Трајановски: Нема да дозволиме да се постави антената

Post Views: 1 Протест на влашкамаалци. Синоќа мештаните од Горна Влашка маала излегоа на улица повикувајќи го мобилниот оператор ВИП да ја тргне базната станица која ја поставуваат на приватен објект во близина на училиште и градинка каде дневно гравитираат над 1500 ученици. Петар Трајановски очекува дека овој проблем ќе се реши на еден мирен и цивилизиран начин. Без да има потреба од преземање на дополнителни и порадикални мерки. „Нема да дозволиме да се постави антената. Ние бараме отстранување на конструкцијата, а да не зборуваме за поставување на антена“ . Јоне Станкоски жител...

Continue reading

zaturoska

Секој петок средби со Затуроска

Post Views: 2 Поплаките за невработеноста, најбројни во бележникот на пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Затуроска од Струга. Од досега остварените средби помеѓу граѓаните и пратеничката, стружани најмногу од неа бараат да им го реши егзистенционалниот проблем односно  вработувањето. Затуроска кажа дека нејзината пратеничка кацеларија во овој дел не може да излезе во многу во пресрет, но работи на процесуирање на нивните барања до институциите надлежни за тоа.   „Во изминатиот период начинот на кој што ги решававме нивните проблеми, беше, да ги земаме нивните проблеми,...

Continue reading

До средината на месец декември Охрид ќе добие јавни тоалети

Post Views: 4 Охрид конечно ќе добие јавни тоалети. На двете предвидени локации, едната во централното градско подрачје позади Амамот, другата кај Горна Порта, избраниот изведувач, фирмата „Тане 2007“, заедно со претставници од Центарот за развој на Југозападниот плански регион , деновиве извршиле увид на сите потребни инфраструктурни услови и придружни активности кои треба да се преземат. Мирјана Лозаноска, дирекоторот на Центарот вели дека во проектот за подобрување на туристичките услуги со поставување на јавни тоалети, свој удел има и Локалната самоуправа на Охрид. „И општините...

Continue reading

Протест против поставување на базана станица во Влашка маала

Post Views: 4 Преку протест жителите на Влашка маала ќе бараат отстранување на Вип антената за мобилна телефонија. Претседателот на Урбаната заедница Горна Влашка маала Томислав Голеишки, Трпе рече дека и покрај нивните напори и противења, мобилниот оператор ВИП продолжува со поставување на базната станица на приватен објект во нивната маала. Тој посебно нагласи дека од овој проблем засегнати се над 1500 млади пред се ученици во ОУ „Христо Узунов“ и деца од градинката „Јасна Ристеска“. „Воедно, ги повикуваме градоначалникот, пратениците од Охрид, советниците во советот на општина...

Continue reading

kolektor

Ќе живне ли конечно колекторскиот систем

Post Views: 8 Јапонската Агенција и Влада, како и Македонската Влада влегуваат во сериозен проект за реконструкција на колекторскиот систем на Охридското Езеро. Деновиве Јапонската мисија изврши детален преглед на колекторскиот систем на охридско-струшкото тло. Познати по прецизност, тие во двете општини ги отворија сите шахти, ги прегледаа сите пумпи и ги посетија сите места кои се во тесна врска со колекторскиот систем, за да добијат реална слика за функционирањето на овој систем. Дејан Паноски од билатералниот секретаријат вели дека завршниот извештај веќе е на маса пред јапонците,...

Continue reading

Нивото на водата во Охридското Езеро е под просекот за месец октомври

Post Views: 4 Нивото на водата во Охридското Езеро е под просекот за месец октомври. Просекот за овој период е 11 сантиметри повеќе од минималното ниво и според Управата за хидрометеоролошки работи денешната кота на нивото на езерото изнесува 693.20 , што е за три сантиметри над природната кота од 693.17 метри надморска височина. Министерот за земјоделие шумарство и водостопанство Љупчо Николовски неодамна најави дека ресорното министерство заедно со Владата ќе ја разгледува состојбата со нивото на Охридското езеро. „Во претходиот период бев и во посета на Охрид особено заради овој...

Continue reading

Николовски: Владата работи на решавање на сите отворени проблеми во пчеларство

Post Views: 3 Владата работи на решавање на сите отворени проблеми во секторот пчеларство. Ова доаѓа откако пчеларите упатија барање до министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за прогласување елементарна непогода во оваа гранка, поради неповолните влијанија од временските непогоди што се случија годинава, прво екстремно ниските температури, а потоа сушата, кои нанесоа сериозни штети во пчеларството. Ресорниот министер Љупчо Николовски неодамна изјави дека ќе бидат преземени и системски мерки за развој на пчеларството. Тој открива дека ресорното министерство предвидело...

Continue reading

Стојаноски ја презеде функцијата Градоначалник на Охрид

Post Views: 2 Денеска на новиот татко на градот, Јован Стојаноски од страна на претседателот на Општинскта изборна Комисија, Димитрија Вревезоски, му беше врачено уверението за избран градоначалник на локалните избори што се одржаа во Охрид на 15-ти октомври. На примопредавањето на функцијата, стариот градоначалник Никола Бакрачески и неговиот наследник испија кафе во кабинетот и остварија получасовен разговор. Новиот градоначалник на Охрид во својата прва изјава на функцијата вети дека ќе биде градоначалник на сите и побара од граѓаните трпение бидејќи работите нема да се одвиваат...

Continue reading

Модернизација на на земјоделското производсво најави Николовски

Post Views: 5 Земјоделството е еден од најважните сектори во вкупниот бруто домашен производ, истакна министерот за земјоделство водостопанство и шумарство Љупчо Николовски на третиот Меѓународен симпозиум за земјоделство и храна, кој денес и утре се оддржува во Охрид. Одржувањето на симпозиумот се поклопува и со оддбележувањето на 70 годишниот јубилеј од Факултетот за земјоделски науки и храна при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Николовски истакна дека Министерството ќе ја продолжи континуираната соработка со научните инстутиции при креирањето на новите аргарни политики за...

Continue reading

Долга редица за вакцинација од сезонски грип во Охрид

Post Views: 1 Гужва пред охридското епидемиолошко одделение при Центарот за јавно здравје, во Охрид. Само денес, за нецел час откако почна имунизацијата над 50 пациенти ја примија вакцината против сезонски грип. Најголем број пациенти беа повозрасни граѓани, кои како најризична категорија бараат начин да се заштитат од вирусот што коси во зима. Докторите со апел, вакцината пожелно е да ја примат сите граѓани кои работат во институции каде има голема фреквенција на луѓе а не само лицата над 60 годишна возраст, што за жал кај нас тоа го покажува праксата. „Одзивот е голем, досега се...

Continue reading

Параклисот на Св Богородица уште една црквичка на мапата на духовното наследство во Охрид

Post Views: 2 Мала црквичка односно параклис денес беше осветен во стариот дел на градот, Варош, во непосредна близина на саат кулата. Прекрасната икона на мајката Св. Богородица во златна боја изработена од рацете на нашиот сограѓанин Климе Митрески не случајно осамна денес на ова место. „Ова е по заповед на мајката Божја, Св Богородица и како што таа заповедуваше, откако таа ми се појави така правев, се со моите раце изградено, јас сум само нејзин слуга. Додека го направив јас си знам . Не сум некој богат човек не очекувам признание и слава, не сакам преку тоа да постигнам нешто,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top