Post Views: 0
Оваа година охридското Супер радио одбележува вреден јубилеј, четврт век од своето постоење. Менаџментот на ова радио вложи сериозен напор овој две и пол децениски период да се одржи, надгради, и во секое време да обезбеди навремена и точна информација, но и многу забава, култура и едукација. Сопственикот, Сашо Митаноски, се потсетува на почетоците во 1992 година, вели започнале скромно, но она што цело време се провлекувало низ овој 25 годишен период била иницијативата и ентузијазмот.
„Се менуваа и екипите и поставите внатре но тој ентузијазам беше токму она што го...
Post Views: 1
73 години слободен Охрид. Со низа свечености денес беше одбележан 7 ми ноември, денот на ослободувањето на Охрид. Херојските подвизи на борците против фашизмот нека ни бидат завет дека никогаш нема да ги заборавиме и дека нам и на идните поколенија ќе ни бидат инспирација за надминување на препреките во чекорењето на патот за што попросперитетен Охрид, истакна градоначалникот на Охрид проф. Јован Стојаноски. Тој додаде дека по ослободувањето, Охрид за брзо време стана современ економски, културен и туристички центар.
„Ве уверувам дека ние како нова Локална самоуправа,...
Post Views: 10
„Градоначалнику децата наши не се за на пазар“, „Додека тече Црн Дрим во Струга, во Подгорци ќе живеат албанци и албанизмот“, „Министре во Подгорци има гнездо од орли 30 000 години пред ова да се случи“. Ова се само дел од паролите од денешниот протес, кој го организираа родителите на децата од Подгорци ученици во О.У. „Гоце Делчев“, поради укинување на албанските паралелки. Како што стои во дел од изјавата на родителите, тие по секоја цена ќе го бараат законски уртврденото право нивните деца да учат на мајчин јазик. Воедно тие не ја прифаќаат одлуката на ресорното...
Post Views: 4
Неодамнешната посета на општина Охрид од страна на шеикот Јасим Бин Хамад Ал Тани од Катар предизвика лавини реакции во јавност. Во чаршиските но и во некои од медиумските кулоари се исплетоа разни коментари и сомнежи околу поводот и причината за неговата посета и средба со првиот човек на градот проф. Јован Стојаноски. Но во суштина на што се должеше посетата на шеикот од Катар, појаснува градоначалникот Стојаноски. Според него средбата била протоколарна и на делегацијата и биле презентирани можностите за инвестиции во областа на туризмот и хотелиерството.
„Човекот...
Post Views: 0
Промовиран Зелениот пакет за јуниори. Тоа е прирачник за екологија, кој зборува за подигање на јавната свест од рана возраст, истакна Министерот за просторно планирање и животна средина Абдулаќим Адеми. Неговата примена ќе биде во основното образование како изборен предмет со интенција да премине во училишен предмет, додаде министерот.
„Ние како министерство и понатаму ќе соработуваме со канцеларијата на РЕЦ и со другите институции се со цел овој пакет да биде потполно искористен од наставниците и училиштата, вели Адеми.
Зелениот пакет за јуниори е изработен во тесна...
Post Views: 1
Голем број водоводите во селските средини немаат дезинфекционо средство. Од Центарот за јавно здравје сметаат дека со водите од селските средини треба стручно да се стопанисува па заради тоа од Центарот ќе поднесе иницијатива за стопанисување со селски водоводи до локалните самоуправи на Охрид, Струга, Дебар, Дебрца и Центар Жупа. Директорот Сашо Точко предупредува дека во услови кога водата која што се пие од селските водоводи не се дезинфицира, таа здравствено не е безбедна за пиење.
„Тоа навистина мора да се надмине 21 век сме уште да зборуваме…не за недостаток...
Post Views: 1
Центарот за Јавно здравје од Охрид воведува работни саботи. Оваа новина започна од вчера, 01 ноември а целта е подобрување на квалитетот на здравствената услуга која ја пружа овој центар во рамки на превентивната здравствена заштита на населението на општина Охрид, Дебрца и Струга, како што појасна директорот Сашо Точков.
„Секоја сабота од 8 до 12 часот, 4 часа ќе работи медицинскиот персонал кој ќе прима пациенти и ќе ги обработува мартеријалите. Резултатите нема да се издаваат во сабота ќе се издаваат во понеделник од наредната недела, значи сабота ќе биде за таа намена
Ова...
Post Views: 0
Европскиот мировен факел помина низ Охрид. Со него патуваат сите желби за мир насекаде низ светот. Годива ОУ „Христо Узунов“, ја имаше таа чест да го пречека и да се вброи меѓу европските и светските дестинции чија што рута беше токму нашиот град.Директорот Тони Симоновски се заблагодари на делегацијата составена од тркачи од повеќе земји кои беа присутни и испрати порака: „Трката на мирот“ ја симболизира надежта за мир во светот која сите ние ја негуваме.
„Овој ден денеска мислам дека ќе остане во големо сеќавање во нашето училиште бидејќи овој 30 годишен јубилеј кој...
Post Views: 0
Кој ќе го има мнозинството во советот на општина Охрид? Дали функционирањето на советот ќе биде на климави нозе беа дел од прашањата од медиумите денес, на конституирањето новиот совет на општина Охрид. Советот го сочинуваат 11 советници од СДСМ и коалицијата, 10 од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата и два советника од коалициајта ДУИ, Алијанса за Албанците и БЕСА. Градоначалникот на Охрид, проф. Јован Стојановски рече дека демократски напредок е градоначалникот да работи и во средина во која го нема мнозинството на советници или со лабаво мнозинство на советници.
„Јас како градоначалник...
Post Views: 1
Конституиран е новиот совет на општина Охрид. Новите 23 советници денес на церемонијалната седница дадоа свечена изјава во која јасно ја изразија својата волја дека ќе ги штитат интересите на граѓаните кои ги избрале да раководат со општина Охрид наредните 4 години. Градоначалникот проф. Јован Стојаноски на советниците им порача да бидат сложни и да имаат разбирање за барањата на граѓаните, за кои имаат обврска да ги исполнат.
„Чест е, а воедно и голема обврска претставува за секој советник да биде избран од народот да ги претставува ставовите барањата на граѓаните и...
Post Views: 1
Денес во големата општинска сала беше претставена прогамата на Европската комисија во делот на образованието, обуката и младите, „Еразмус плус 2014-2020“. Претставниците од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, кои се и организатори на настанот Инфо ден, кажаа дека задоволни се од одзивот на Охрид и Универзитетот „Св Апостол Павле“. Програмскиот офицер Александар Богоевски рече дека во 2009 година имало само пет студенти кои реализирале студенски мобилности надвор од нашата земја, за да академската 2017 – 2018 има повеќе од 500 студенти.
„Самата...
Post Views: 0
Штедењето, односно чување, одложување на средствата или ограничување на трошењето е од огромно значење за постигнување на поголеми економски или други цели на поединецот, семејството или општеството. Да се заштеди пари е добар чекор но колку денес може да се постигне тоа. За охриѓани речиси е и невозможно да заштедат некој денар барем според дел од испитаниците во нашата анкета на тема: Дали штедите?
Милчо Митрески директорот на Охридската експозитура на НЛБ Тутунска Банка, пак вели дека изминатиов период политичката криза и нејзините импликации во случувањата на економски...