Post Views: 1
Социјалдемократскиот сојуз без работа остави над 50-тина стручни и обучени наставници и стручни соработници со решение на неопределено работно време, во образовните институции во Охрид. Тоа се бремени жени, самохрани мајки, млади, луѓе со фамилии, на голем дел од нив тоа им е основен извор на приход, плата од која ја прехрануваат целата фамилија.
„Ова ли е еднаквоста и солидарноста? Ова ли е еднаквост за сите и непартизираното општество кое го ветуваа? Ова е класичен политички реваншизам. Единствената задача на довчерашните партиски потрчковци и шарачи на институции...
Post Views: 28
Синоќа со традционални песни, зурли, тапани, фолклорни точки и христијански обред на осветување, беше отворен новиот етно ресторан Дедо Димо. Сместен е во срцето на една од најпрекрасните рурални средини во Охрид, селото Куратица. Станува збор за семеен бизнис на Горан Ангелоски, што според него претставува продолжување на традицијата од пред 15 години за развој на руралниот туризам.
„Ова е една поголема надоградба која ќе биде пример не само за Охрид, туку и пошироко во Mакедонија како да се развива туризмот и како би можеле нашите села да одат понатаму. Целта е да...
Post Views: 1
Обука за трговија со луѓе и родово базирано насилство. Претставниците на македонските граѓански здруженија деновиве има можност да ја следат оваа обука во организација на првата детска амбасада во светот Меѓаши. Станува збор за еден поголем регионален проект, мултинационална коалиција за борба против трговија со луѓе и родово базирано насилство, кој се спроведува со неколку партнерски граѓански организации од неколку соседни земји, појаснува Катерина Конеска проектниот координатор. Додава дека посебен акцент бил ставен на заштита на жените и децата, како најранливи жртви.
„Ова...
Post Views: 1
И оваа година во средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ се готвеше традиционалниот предновогодишен ручек за ранливата категорија. Таткото на градот Јован Стојаноски во оваа пригода ја откри и неговата новогодишна желба. „Никогаш повеќе овие деца да не бидат ранлива категорија“.
„Нека им се помогне на овие деца колку што можиме повеќе и ние како општина Охрид заедно со Црвениот крст и угостителско училиште да им се помогне на овие деца да излезат од оваа тешка социјална ситуација во која што се наоѓаат. Им посакувам се најдобро на сите на овие златни деца со...
Post Views: 1
Старецот со бела брада и црвена облека е најпосакуваната личност на децата за Нова Година. Една таква дружба денеска имаа децата од охридскта градинка Јасна Ристеска, на градскиот плоштад „Св Климент Охридски“. Најмладите охриѓанчиња направија вистинска празнична атмосфера. Се дружеа и танцуваа со Дедо Мраз, а нивните родители се тоа уредно со восхит го следеа, фотографираа и снимаа. Дирекотрката на градинката Мери Рилкова истакна дека секоја година децата имаат бројни активности за Новогодишните празници.
„Предновогодишните активности започнаа со новогодишна работилница...
Post Views: 0
Претседателот на охридскиот огранок на ВМРО ДПМНЕ, Кирил Пецаков, на денешната прес конференција цитираше делови од „Законот за јавните претпријатија“според кои за претседател и член на управниот одбор и на надзорните одбори може да биде именувано лице кое покрај останатите услови треба да има завршен VII/1 степен образование, минимум три години работно искуство, еден меѓународно признат сертификат за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години и да има положено психолошки тест и тест за интегритет. Пецаков јавно го повика градоначалникот да одговори...
Post Views: 29
Судскиот претрес за случајот Пливалиште, Струга се одложи и денес. Причина, отсуство на бранителот Бесник Каба и неговиот клиент, обвинетиот Климе Миладиноски. На денешното рочиште не присуствуваше и вештакот Милан Чундев кој во денешниот претрес требаше да има клучна улога. Бранителот на оштетените Љубиша Мукоски вели дека тежината на предметот, за кој кој после враќањето од Апелација воопшто не се оддржа рочиште, е голема и дека не смее да се дозволи и понатаму да се одолговлекува.
„Сами сте сведоци на тоа, дека после враќањето на предметот на повторно постапување...
Post Views: 1
Со цел новинарите да бидат запознати со механизмите за известување кои се однесуваат на обработка на новинарски стории за заштита на правата на децата, денес во Охрид се подготвува нацрт текст за новинари за известување при такви теми. Лилјана Пецова Илиевска, од фондацијата Метаморфозис истакна дека ваквиот начин на работа е од особена важност бидејќи се информираме, се запознаваме со правата на децата односно начинот и заштитата како и алатките за известување. Илиевска истакна дека неминовно треба да постојат стандарди во професионалното новинарство.
„Од таа причина...
Post Views: 4
Атеме Арслан од денес штрајкува. Таа бара веднаш да биде пуштен лифтот во социјалната зграда на ул „Карпош Војвода“, а во спротивно ќе штрајкува пред охридската подружница на Акционерскот друштво за стопанисување со станбен и деловен простор се додека директорот не постапи по нејзиното барање, како што изјави таа за ТВМ.
„Јас сум револтирана што 6 години живееме во социјалната зградаа играат со нашите животи. Лифтот под итно да се пушти и старите мајстори за сервис да ги вратат, бидејќи во нашата зграда има болни луѓе инвалиди, јас сум оперирана треба да работам и да...
Post Views: 8
На денешната четврта седница на Советот на општина Охрид беа разрешени старите, а именувани беа нови членови на управните и надзорни одбори на јавните претпријатија во Охрид. Мандаот на новите членови е шест месеци, а има редукција, наместо како што беше досегашната практика составот на управните и надзорните одбори да го сочинуваат 7 членови овој пат се избраа по 5. Координаторот на советничката група на СДСМ Константин Георгиевски појаснува дека причина за тоа е економскиот аспект, односно дека со тоа сакаат да ги намалат трошоците на Јавните претпријатија по основ...
Post Views: 0
„Бизниз денови низ Р. Македонија“. Овој проект на Словенечко Македонскиот бизнис клуб, денес презентиран во Струга. Промовирање на стопанствата од двете земји како и остварување на добра билатерална соработка е главна цел на средбите од ваков карактер вели извршниот директор на клубот Искра Јовановиќ. Таа истакна дека Словенија е најголемиот лобист на патот на Макеоднија кон Европската Унија. Јовановиќ додаде, дека бенефитот од соработката меѓу двете земји е тоа што, македонците учат како подобро да се работи и како побрзо да се оствари контакт за да може заедно со...
Post Views: 2
Почна да се одмотува клопчето околу решавањето на прашањето за спорната реконструкција на Алипашината џамија во Охрид. Изјавата на министерот за култура Алаѓозовски, кој неодамна најави стопирање на проектот, за нас како здружение „Совест“ претставува голема сатисфакција , истакна Михаил Трендафилов Нанче, дополнувајќи дека добро е што работата тргна од ресорното министерство.
„Докажавме на некој начин на сите кои не веруваа и ни викаа дека не можете ништо да постигнете, дека сепак со упорност и работа може да успее и да се дојде до некое решение.. Не плаши тоа што бевме...