Во охридскта градинка секој ден се празнува

Во охридскта градинка секој ден се празнува. Се изведуваат низа активности кои децата ги доживуваат со трепет и возбуда, вели директорката на установата. Посебна радост кај нив предизвикал Дедо Мраз кој слетал со авион на охридскиот аеродром со пакетчиња во рака за сите.

 |  Николоска Биљана  | 

Старецот со бела брада и црвена облека е најпосакуваната личност на децата за Нова Година. Една таква дружба денеска имаа децата од охридскта градинка Јасна Ристеска, на градскиот плоштад „Св Климент Охридски“. Најмладите охриѓанчиња направија вистинска празнична атмосфера. Се дружеа и танцуваа со Дедо Мраз, а нивните родители се тоа уредно со восхит го следеа, фотографираа и снимаа. Дирекотрката на градинката Мери Рилкова истакна дека секоја година децата имаат бројни активности за Новогодишните празници.

Предновогодишните активности започнаа со новогодишна работилница во која учествуваа и родителите. Годинава имавме една нова форма, со одржување на театарска претстава која ја организираа вработените од установата со што на дечињата им претстваија една новина за прославување на Нова Година“.

Во градинката секој ден се празнува и е многу весело, вели Рилокова. Додаде дека и денес ден во организација на Локалната самоуправа се случува еден прекрасен настан, а раскажа и за активностите кои ги имале во текот на вчерашниот ден.

„Настапуваат дечињата од големите и средните групи. Едно ново доживување се случи и вчера на аеродромот Св „Апостол Павле“ кога дечињата го дочекаа дедо мраз од авион, кој слета и им подари новогодишни пакетлчиња“

Активностите продолжуваат, информираат од детската градинка. Од таму изразија благодарност до сите помагатели кои на децата им ги овозможија неповторливите моменти и дружба со Дедо Мраз.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top