Автор: Николоска Биљана

gimnazii struga

Стоп за инцидентите во струшките гимназии за време на изборите

Post Views: 0 Нема да дозволиме политичките тензии на партиите во предизборието да создадат проблеми меѓу средношколците во Струга, велат првите луѓе на струшките средношколски установи. За време на изминатите изборни циклуси имаше голем број инциденти меѓу средношколците со политичка конотација, токму затоа ТВМ се обиде да дознае дали превентивно се делува и што се превзема во очи на двојните избори пролетва. Марија Коваческа директорката на „Нико Нестор“, вели дека непопуларната етикета која ја носи училиштето мора да се тргне. Додава дека за тоа ангажиран е  целиот наставен кадар...

Continue reading

dogovor svr

Полицијата и невладиниот сектор ја официјализираа соработката

Post Views: 1 Невладиниот сектор и полицијата продолжуваат и понатаму во борба против секаков вид насилство. Таа соработка денес и официјално беше ставена на  хартија, односно беше потпишан договор за регионално поврзување на невладините организации од Охрид и Струга и СВР Охрид. „Тоа всушност значи зголемување на степенот на меѓусебната доверба и градење на партнерски однос во решавањето на безбедносните проблеми на граѓаните, заеднички ќе градиме постабилно и побезбедно општество“– вели Димовски. Началникот на одделение на полицијата, Велко Спространов, нагласи дека законитоста...

Continue reading

deca sovet

Посета на ученици во струшкиот Совет

Post Views: 4 Учениците од ОУ. „Браќа Миладиновци“, го посетија Советот на општина Струга. 60 етина деца од четврто одделение имаа можност да се запознаат со работата на струшкиот Совет и практично да видат како се донесуваат одлуки кои влијаат за живеењето во нивниот град. Кај дел од нив веќе постојат амбиции да седнат во советничките клупи и да бидат идни градски избраници, а речиси сите беа запознати која е улогата на Советот. „Дојдовме за да видиме како работат во Советот. Совет е група на граѓани кои му помагаат на градоначалникот да донесе некоја одлука“. Јас научив дека сите...

Continue reading

memo

Потпишан Меморандум за поддршка на соживотот во Струга

Post Views: 2 Во Струга денес беше потпишан меморандум за соработка помеѓу општина Струга и Мисијата на ОБСЕ за проектот „Медијација за промена“. Потпис стави струшкиот градоначалник Зијадин Села и амбасадорот на мисијата на ОБСЕ во Р. Макеоднија Ралф Брет. Во Струга пронајдовме партнери со кои може да се зборува за соживот и да се работи за општо добро на луѓето од оваа мултиетничка средина, нагласи амбасадорот Брет. „Дел од нашиот мандат е од една страна да го имаме овој мониторинг, разговараме со многу луѓе во општинитие, во однос на пшревенцијата, што значи тренирање и обучување...

Continue reading

sednica struga

Советот на општина Струга ја одржа 12 тата седница

Post Views: 2 Советничката говорница во салата за седници на општина Струга, денес не беше многу користена од страна на градските избраници. Дневниот ред на дванаесеттата седница со 16 точки, плус дополнително предложените 4 точки, поминаа глатко, со исклучок на предлог одлуката за работното време на струшките занаетчии која беше одложена за некоја наредна седница. Претседателот на струшкиот Совет Абдула Ќазимоски, вели дека нема седница без да се замеша политиката, па таков бил и денешниот тек на седницата. „Во одредени ситуации бев малку разочаран, бидејќи знаете дека кога се работи...

Continue reading

drim struga

Струга интензивно ќе го развива риболовниот туризам

Post Views: 7   Концесионерот на реката Црн Дрим, Пастрмка – Струга отпочна со издавање на дозволи за риболов. Секој граѓанин од земјава и надвор од неа кој сака рекреативно да лови риба треба да исполни два услови за да дојде до потребната дозвола, вели претставникот на концесионерот на реката Црн Дрим Емил Матоски. Тој нагласи дека сите оние кои ќе извадат дозвола, помагаат во заштитата на риболовниот ревир на реката Црн Дрим. „Дозволата за нашиот риболовен ревир изнесува 1100 денари, но претходно треба да биде регистриран член на риболовната федерација, што со чланарина во...

Continue reading

sednica

Ќе се гради пешачка патека Ташмаруништа – Струга

Post Views: 3 Предложени се 16 точки на дневен ред по кои е предвидено да работи Советот. Струшките советници ќе треба да се произнесат по предлог – одлуката за утврдување на работното време на занаетчиските дејности во Струга. Исто така ќе расправаат по точките за разрешување и именување на нови членови на управните одбори  на ОУ во Делогожда и за ЈП Комунално Струга, а на дневен ред се најдоа и кварталните извештаи за работата на Јавните Претпријатија, Проаква, Хигиена од Лабуништа и ЈП „Октиси“ од Октиси. Утре советниците ќе треба да одлучуваат и за изградба на пешачка патека...

Continue reading

diskriminacija

Дискриминација при вработување во Струга

Post Views: 5 Зголемен е бројот на случаи на дискриминација при вработувања, обелоденуваат од НВО Езерка, Струга. Недолични интервјуа се прават за продавачка или за вработување во обложувалница, вели Драгица Павлеска Попеска од ова невладина организација. Според неа ова појава во приватниот сектор била се повеќе изразена барем според изјавите кои ги слушнале од жртвите на дискриминација, кои доаѓале во нивната канцеларија. Колку години имаш, е најчесто поставуваното прашање, потенцира Попеска. „Во државниот сектор се конкурира ама на конкурсот не пишува да биде помлада од 30 години...

Continue reading

petta privatna gimnazija

Стручното образование голем предизвик за идните средношколци

Post Views: 7 Македонија за развој на стручното образование ќе користи искуства од Словенија. Денес во петтата приватна гимназија во Струга, директорите на Центарот за стручно образование од Македонија и Словенија, пред учениците, родителите и наставниот кадар на образовните институции од охридско струшкиот регион држеа предавање за тоа кои се бенефитите од гимназиското и стручното образовнаие. Директорот на Петтата приватна гимназија Ает Кариманоски, вели дека тоа во многу ќе помогне во определбата на родителите за тоа какво образование сакаат за своите деца. „Родителите и децата...

Continue reading

dijaliza

Што се случува со струшка дијализа?

Post Views: 21   Новиот концесионер Орка Холдинг го презеде работењето на одделот за дијализа при Заводот за нефрологија во Струга. Ваков е впечатокот на пациентите кои со години таму вршат дијализа. Концесионерите кои добија лиценци за работа во овој сегмент од здравството презедоа низа обврски како: изградба на нови простории и целосна реконструкција на постојните, обезбедување современа апаратура и замена со нови на нефункционалните столови. Но во струшка дијализа според кажувањата на пациентите, барем засега нема ништо од тоа. Единствено во моментов на пациентите им бил обезбеден...

Continue reading

komitet struga

Кој е рецептот за реновирање на Комитетот во Струга?

Post Views: 14 Пропаѓа зградата на некогашниот комитет во Струга. Сместен во центарот на градот, во близина на Центарот за култура, од едната страна на реката Црн Дрим, овој објект наликува како оние од хорор филмовите. Пуст и напуштен, искршени стакла, пајажини насекаде, склад за дрва,  и што се уште може да се набројува, доколку намерно или случајно поминете од тука. Стружани сеуште паметат како пред 3 децении изгледаше овој објект. Но сега го гледат како место кое ја нагрдува туристичка Струга. Има и такви кои дирекно посочија кој според нив е виновникот што објектот е во така...

Continue reading

zemjodelci

Почуствувај го здравиот рурален живот

Post Views: 5 Почуствувај го здравиот рурален живот, проект на Македонија и Албанија. Двата соседи одржаа работилница на која го презентираа истражувањето кое треба да помогне во селекцијата на производите во студиите за мапирање на традиционалните производи во Македонија и Албанија. Вкупно 4 производи, два од македонска и 2 од албанска страна треба да бидат предмет на брендирање во следната фаза од имплементацијата на проектот „Почувствувај го здравиот рурален живот“, како што истакна претседателот на Федерацијата на фармерите на Р. Македонија Андрија Секуловски. Се зборува за неколку...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top