Автор: Николоска Биљана

cveka

Охрид град на цвеќето

Post Views: 7 Трендафилите се враќаат во Охрид. Дел од граѓаните на Охрид, навраќајќи се во спомените, велат дека трендафилите како препознатлив декор на градов од минатото многу им недостасуваат. Разнобојните садници од ова цвеќе редовно се наоѓале на фотографиите на охриѓани и бројните туристи. Трендафилите посебно беа карактеристични за паркот околу споменикот на Св Наум. Одговорниот на паркови и зеленило во ЈП „Охридски Комуналец“, Трајан Љаткоски, кажа дека ќе има обновување со садници на трендафили но на други парковски површини. Тој смета дека сегашниот изглед на паркот кај...

Continue reading

plaketi crven krst

Охриѓани докажани крводарители

Post Views: 0 Охриѓани докажани крводарители. Рекордот од 178 подарени единици на крв на ниво на општината го држи Димитар Свилар. За него тоа претставува обновување на живот, се чуствува помлад и кај него сеуште постои желба да дарува крв. Свилар кажува дека не знае колку животи досега спасил, бидејќи понекогаш од својата драгоцена течност давал и повеќе од потребната количина. Тој е крводарител четири децении, а во Охрид живее 36 години. „Крводарител станав уште како војник  од 1968 год. Потоа редовно давав нон стоп, по еднаш во месецот. Добив златна плакета и многу други републички...

Continue reading

sednica sovet

Фалат средства од општинскиот буџет

Post Views: 2 Советничката група на ВМРО – ДПМНЕ укажува за низа пропусти во врска со трошењето на средствата од минатогодишниот буџет. Тоа не влијаеше врз ставот на останатите советници за да ја изгласаат точката, Предлог Одлука  за усвојување на Извештајот за остварените приходи и извршените трошоци на  буџетот и завршната сметка на буџетот  Општина Охрид  за 2011 година. Советникот Паноски рече дека има недостаток на капитални инвестиции и во никој случај интервенциите за зафати од комуналната сфера неможат да се препишат како капитални проекти. Тој побара отчет од Локалната за...

Continue reading

semejstvo ibraimovski

Родителите разочарани од проектот „Бејби бум“

Post Views: 8 Без паричен надомест за четвртото дете остана Фатмире Ибраимоска, за малата Мевлана од Охрид. Таа, година и седум месеци тропа од врата на врата по институциите, барајќи ги своите права за користење на надоместок за четврто дете. Но, до ден денес ништо од тоа. Ибраимоска вели дека ги исполнува условите за паричен надомест кој и следува за нејзината ќерка, но таа е крајно разочарана од односот на луѓето од надлежните институции кои треба да и го овозможат тоа право. „Уште од првиот ден одам по институции да го барам правото на моето дете кое му се следува. Одам кај Лилјана...

Continue reading

penzionerki

Пензионерките денес славеа

Post Views: 1 Со оро, песна, каранфил за сите жени, како и збор два за значението на празникот на жената, во Хотел „Силекс“, Охрид се одржа традиционалната прослава по повот празникот. Одбележувањето на денот на жената е во организација на Активот на пензионерки при Здружението на пензионери на општините Охрид и Дебрца со Активите на пензионерки од Југозпадниот регион. Претседателката на пензионерките Ружа Балеска вели дека овој ден има посебно значење за нив и дека за достојно одбележување во многу принесува Здружението на пензионерите од Охрид. Празникот на сите жени им го честита...

Continue reading

baner

На жената и треба реална помош

Post Views: 1 Жената е мета на различни притисоци и деградирања. Бројните реклами за подобро на жената посебно оние за семејното насилство, и нејзината политичката застапеност, во реалноста покажуваат контра ефект, посебно во Охрид, обвинуваат од ОО на ЛДП и женскиот форум. Тие порачаа наместо каранфили и лицемерни изјави, празникот да се честита со конкретни акции за подобро утре на жената. Даниела Ангелоска  од ЛДП, вели „секое насилство врз жената да биде строго казнувано. Секторите во кои работат жените посебно текстилната индустрија да добијат повисоки примања, поголемо учество...

Continue reading

Ljupco Avramoski

Нова градба крај езеро

Post Views: 21 Финишира постапката за изградба на нов објект покрај езерото. На само 53 метри од крајбрежјето на Охридското Езеро, на дел од туристичкиот комплекс Св. Стефан, планирано е изградба на објект за времено сместување А-4. Со цел навремено да се согледаат можните негативни влијанија врз животната средина и здравјето на луѓето, како и социо – економските аспекти од реализација на овој план се наложило потреба за спроведување на Стратегиска оцена, велат од Локалната. Денес на јавна расправа беше разгледана нацрт верзијата од планот и Извештајот за стратегиската оцена. Љупчо...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top