Автор: Николоска Биљана

skrebatno

Нов асфалт до Скребатно

Post Views: 2 Тесниот и стрмен пат кој води до Скребатно ќе се асфалтира. Стариот, пропаднат, руиниран и крпен коловоз во должина од 10 километри, кој води со Скребатно, ќе биде целосно реновиран, покриен со нов асфали, па дури и проширен. Ваквите најви доаѓаат од градоначалникот на Охрид Александар Петрески. Тој потенцира дека зафатите на терен веќе се отпочнати од страна на градежната фирма Илинден од Струга, за што се обезбедени и средства. „Следнава недела отпочнува асфалтирање на патот до Скребатно. Тоа значи проект што ние го изгласавме на совет и аплициравме до светска банка...

Continue reading

sednica

Охрид е безбеден

Post Views: 2   Во пресрет на туристичката сезона Охрид е безбеден. Денес на оваа  тема се расправаше во Локалната самоуправа, пред повеќе релевантни претставници на надлежните институции. Актуелните проблеми на градот пред и за време на туристичката сезона повторно се најдоа на менито на дискусија пред присутните на состанокот.  Тоа се бучавоста, нелојалната конкуренција на станоиздавачите, плажите и нивната намена, продавањето на храна на отворено, питачењето и друго. Градоначалникот Александар Петрески смета дека од нивна страна се презеле многу мерки во насока на подобрување на...

Continue reading

secaci

Машините за сечење дрва ќе заминат во историјата

Post Views: 17 Висока глоба од 500 евра заработија некои од охридските сечачи на дрва. Тие се крајно револтирани од односот на институциите кои брцнаа во нивниот и онака плиток џеб. Од 50 луѓе кои со машина за сечење дрва заработуваат за живот, малкумина се охрабрија јавно да проговорат за нивната незавидна состојба. Ибраим Али вели дека не се престапници и не бегаат од обврските кон државата. Додава дека во денешно време 500 евра се голема сума на пари и тие не можат да ја платат, бидејки и не заработуваат толку. „Тие 500 евра ние сиромасите кај да ги најдеме, како прво не сме вработени,...

Continue reading

gomleze

Скребатно во знакот на Ѓомлезијадата

Post Views: 1 Вкусно ѓомлезе подготвено на традиционален начин под сач, се печеше на распламтен огин. Денес по четврти пат на излетничкото место Скребатно се одржа годинешниот натпревар, или препознатливата ѓомлезијада. Секогаш добро е да се потсетиме која е тајната на приготвувањето на овој македонски специјалитет. „Не е тешко ниту мачно кога со задоволство се прави ѓомлезе“, вели  Билјана Китевска. „За да се направи ѓомлезе треба да се знае тајната на постарите од старите времиња. Треба вода брашно и сол. Ѓомлезе што се става пециво јогурт е гибаница“. Ѓомлезето добро оди со сирење....

Continue reading

paraglajder

Европско првенство во параглајдинг

Post Views: 10 Јато параглајдери ќе го преплават небото над  Охрид од 1 до 8 јули. НП „Галичица“, подготвен за Европското првенство во прецизно слетување. Организатор е прилепскиот параглајдинг клуб „Делта“, во соработка со НП „Галичица“. Пет годишната соработка со прилепскиот клуб резултира со создавање на идеални услови за развој на параглајдингот вели Зоран Ангелоски, првиот човек на паркот. Веќе се одредени двете стартни места на падините на Галичица и тие локалитети уредени се согласно стандардите кои се потребни за овој спорт, додава тој. „Во текот на изминатите неколку денови...

Continue reading

panoski

Цените на услугите да се намалат

Post Views: 4 Локалните ЈП да ги намалат комуналните услуги. Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Паноски денес јавно ја покрена оваа иницијатива, поради намалувањето на цената на нафтата и нафтенте деривати, чија висина првично беше причина за зголемување на цената на услугите. Паноски дури смета дека треба да се размислува да се воведе конкурентност на пазарот на услугите, во интерес на граѓаните. „Комуналец да ги намали цените на комуналните услуги, нискоградба исто така и секако и Градски гробишта Јавното Претпријатие да ги намали цените, посебно услугата гробарина...

Continue reading

Крводарителските акции ќе замрат

Post Views: 17 Се потешко се организираат крводарителски акции. Министерството за зрадвство не ги обезбедува потребните средства за тоа а кои се планирани со програмата за унапредување на крводарителството. На овој сериозен проблем денеска на светскиот ден на крводарителството укажа Претседателот на Црвениот Крст од Охрид, Сашо Точко. Според него, занемарена била мотивацијата на крводарителите и одржување на крводарителските акции.  „За жал причините за тоа незнам кои се и несакам да навлегувам но последиците можам и ги разбирам и ги гледаме и ги чуствуваме секојдневно не сме во...

Continue reading

sednica

Време е за советнички прашања

Post Views: 0 Година дена Советот на општина Охрид нема одржано седница посветена на советнички прашања. Реалните проблеми на охриѓани, никако да дојдат на дневен ред пред нивните избраници. Дејан Паноски, координаторот на советничката група на ВМРО – ДПМНЕ, вели дека повеќе од очигледно е дека не функционира механизмот со кој граѓаните доаѓаат до одговор на проблемот од кој се засегнати. Додава дека имаме себични седници каде се разгледува се, само не она што е од интерес на граѓаните. „Нормално е дека оваа Локална власт барем според тоа како се однесува не води сметка за реалните...

Continue reading

skuterce

Скутерџиите непожелни на Охридското езеро

Post Views: 2 Почна дивеењето на скутерите на вода, по охридските плажи. Граѓаните сметаат дека тоа не е добро за имиџот на градот, бидејќи посетителите треба да ги привлечеме со гостопримство, а не да ги одвраќаме со несовесните постапки на поединци. Вчера на една од атрактивните охридски плажи, посетителите меѓу кои и гостите од Холандија, имаа можност некаде околу 11 часот да гледаат 10 минутно дивеење на вода со скутер. Овој настан не само што го привлече вниманието на туристите, со бранувањето на езерото, туку тивката музука на угостителскиот објект беше заменета со бучавата...

Continue reading

todorov

Тодоров на увид, во болницата

Post Views: 2 Министерот Никола Тодоров, во посета на Охрид и Струга за да види како функционира здравството. Задоволен е од досегашниот тек со изградба на Општата болница во Охрид. Тој смета дека Охридската болница не само што ќе биде регионална, туку ќе ги отвори вратите и за пациентите од соседните земји. „Рекунструкцијата оди да ви кажам искрено и побрзо од тоа што јас очекувам, да не се урочиме сега, но, очекувам да заврши пред крајот на оваа година. Тоа ќе биде во рамки на она што имаме со договорот. Во договорот ни беше предвидено 8 месеци, разговаравме со изведувачот тој...

Continue reading

zito leb

„Жито Леб“, успешна компанија

Post Views: 1   Високи претставници на Стопанската комора на Македонија, денес во посета на две охридски компании, „Жито Леб“ и „ЛТХ Леарница“.Тука се со цел да ги слушнат конкретните проблеми, како и тоа да понудат помош. Директорот на Комората Бранко Азески, рече, пред компаниите  претстои тежок период на поразителни бројки и тешкотии низ кои ќе треба да поминат. Азески напомена дека некогаш стопанството и помагаше на државата, сега се бара државата да му помогне на стопанството и дека биле во постојан дијалог со Владата на Р.М. за да се изнајде начин и мерки да се задржат работните...

Continue reading

kruzen

Охрид продолжува во круг

Post Views: 1 Раскрсницата кај стара Охридија, ќе се модернизира. Таа е прва од седумте раскрсници кои Локалната планира да ги уреди со кружен тек. Денес официјално отпочнаа градежните зафати. До почетокот на шпицот од туристичката сезона, потегот кај раскрсницата Охридија ќе биде готов, за што биле обезбедени сите согласности кои се потребни за уредување на овој магистрален пат, вели градоначалникот Александар Петрески. Додаде дека паралелно со уредувањето на раскрсниците ќе се решаваат и сите останати инфраструктурни проблеми. „Тука имаме два проблеми со водата, еден со водата што...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top