Post Views: 7
Охридските станоиздавачи го подигнаа својот глас. Тие денес пред претставниците на ОК на ВМРО- ДПМНЕ, како и пред јавноста, се пожалија дека во екот на туристичката сезона, останале со бадијала подготвени соби за туристи и празни раце. За тоа вината ја гледаат во пренагласената урбанизација, како и несредената сообраќајна состојба во градот посебно во делот на паркирањето. Во името на станоиздавачите на Охрид зборуваше Зоран Зафироски, кој истакна дека ова што му се случува на туризмот во градов не е коректно.
„Самата урбанизација која дојде во Охрид од сопственици...
Post Views: 2
Општина Охрид има пари, но нема воља за изградба на јавни градски санитарии или тоалети. Денес на оваа тема се огласија од ОК на ВМРО – ДПМНЕ. Овој проблем години наназад се провлекува, а надлежните никако да го решат, истакна Горан Патчев, претседателот на Комисијата за урбанизам. Патчев вели дека во неколку наврати било укажувано на службите во Локалната самоуправа за големата потреба од изградба на јавни санитарни јазли, пред се поради големата фрекфенција на гости не само за сезоната туку и воопшто. „На инсистирање на туристичките водичи во градов кои се соочуваат...
Post Views: 5
Се, за туризмот во Охрид. Од утре екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ ќе пристапат кон чистење од градежен шут и друг вид на отпад, покрај магистралниот пат од охридскиот аеродром до влезот на градот. Иако тоа не е во нивна надлежност, директорот на ЈП Сашо Алче вели, ако се погледне од страните на патот, состојбата е очајна и го нагрдува лицето на влезот на балканскиот бисер, градот под Самоиловите тврдини, Охрид. Тој е категоричен дека веќе е даден налог од страна на Петрески за да се исчисти овој потег, бидејќи на туристите не ги интересираат надлежностите и обврските...
Post Views: 2
Петрески и неговиот тим, произведуват неред во Охрид, обвинуваат од ОК на ВМРО – ДПМНЕ. Продолжува сторијата на охридските вмровци околу издавањето на паркинзите, цената и законитоста на одлуките кој ги носи првиот човек на градот. Портпаролот на партијата Никола Митровиќ, уште еднаш нагласи дека издавањетона паркинзите на начин на кој тоа го направи градоначалникот Петрески и луѓето околу него, е резултат на нивното незнаењето и енормната желба за лично богатење.
„Деновиве сме сведоци на буквален криминален чин со кој паркинзите во Охрид кои со одлука на Советот се...
Post Views: 1
Мишел Камило за прв пат пред охридската публика. Добитникот на Еми и Греми награди за исклучителни достигнувања во музичката уметност вечерва ќе ги почести посетителите на Охридско лето со уште една музичка вечер за паметење. На денешната прес конференција која се одржа во хотелот „Инекс Горица“, прво се обрати селекторката на музичкиот дел од Охридско лето 2012 Гордана Неделкова Јосифова која со воодушевување и престижни епитети го најави овој реномиран пијанист и композитор
Вечерашниов концерт на Мишел Камило прв во Македонија, е дел од светската турнеа која тој ја...
Post Views: 4
Трнлив пат за приклучување на канализационата мрежа, минува нашиот сограѓанин Гоце Попоски. Тој цела година не може да се всели во својот новоизграден објект во близина на трансформаторот кај комплексот бараки, бидејќи не е приклучен на канализациониот систем, иако како што и самиот кажува уредно ги платил сите давачки кон државата и општината. Попоски не гледа спорен момент за приклучок, но, сепак наидува на пречки и опструкции. Вели дека единствен проблем е што не наишол на разбирање од страна на раководните структури во Фондот за комунален развој.
„Кога поднесов...
Post Views: 5
Деновиве актуелен рејтингот на можните кандидати за градоначалник на Охрид од редовите на СДСМ. Според најновите резултати од една од многуте спроведени анкети рејтингот на актуелниот градоначалник Александар Петрески е само за 3% поголем од рејтингот на претседателот на ОО на СДСМ Наум Јованоски – Чакар, дознава ТВМ. Претседателот на охридските социјалдемократи Наум Јованоски – Чакар, вели дека на локално ниво ниту ги водат ниту пак имаат информации за анкетите кои ги спроведува централата или пак некој друг. Сепак, тој не крие дека градоначалничката фотеља за него...
Post Views: 0
Само три дена откако Сузуки М-Т ДОЕЛ, стана концесионер на една четвртина од паркинг местата во градот, цената од 30 ден се искачи на 50 денари за час. Охриѓани а и посетителите на градот се најдоа затекнати од поскапувањето. Тие сметаат дека ваквиот потег во најмала рака е самоволе на концесионерот. Стручни лица кои добро ја познаваат оваа проблематика за ТВМ кажаа дека зголемувањето или намалувањето на висината на надоместок за услуга од јавен карактер треба да добие амин од Советот на општина Охрид. На поскапувањето на цената за паркинг место во градот, жестоко...
Post Views: 1
Поставувањето на урбаната опрема и бучавоста, рак рана за општина Охрид. И годинава како впрочем и минатите години локалците заедно со државните инспекциски служби и претставници на СВР Охрид, денес во малата пштинска сала одржаа припремен тренинг, за справување со хроничните проблеми, пред туристичката сезона. Акутните проблеми кои фрлаат дамка врз туризмот и имиџот на градот, можат да се решат со заеднички настап на сите инспекциските служби, вели раководителот на општинскиот инспекторат Танас Танасоски. Тој признава дека во голем дел вината за состојбата лежи точно...
Post Views: 7
Н.У. Завод и Музеј од Охрид има со што да се пофали. Тие годинава сработиле дури 90% од зацртаната програма за 2012есета. Ова го истакна директорката на оваа установа Тања Паскали Бунташеска, пред пратениците на Собранието на Р.Македонија од редовите на ВМРО – ДПМНЕ, Александар Николоски и Харалампие Шокароски. Факт е дека тандемот на охридските пратеници Николоски и Шокароски е едне од ретките можеби и единствен во земјава од ВМРО – ДПМНЕ, кој секоја сабота ја поминува во својот роден крај и е присутен меѓу нивните сограѓани дали во институциите или меѓу граѓаните....
Post Views: 2
На само ден пред прогласување на најуспешните параглајдеристи од Третото европско првенство во прецизно слетување, кое деновиве од 1-8ми јули се оддржува во Охрид на НП Галичица, се сумираат резултатите, но и импресиите. Организаторот на натпреварот Златко Спиркоски вели дека постигнат е максимумот и сите 77 пилоти успеале да изведат по 12 слетувања. Додаде дека се знаат и фаворитите, а нашата репрезентација во екипна конкуренција од 15 земји учеснички е на средина по постигнати резултати.
„Од фаворитите земји се Словенија, Чешка Бугарија и Србија“, нагласи Спиркоски
Селекторот...
Post Views: 1
Брзо се вози низ ул. „Карпош Војвода“. Преминувањето по таа улица, на патот кон детското игралиште, контењерите за одлагање смет и до најблиските продавници, претставува секојдневно изложување на опасност. Тука се вози со неприлагодена брзина на условите на патот, а посебна опасност се тешките товарни возила. Оваа состојба ни ја посочија загрижени родители од ова маало кои сметаат дека под итно надлежните треба да преземат превентивни безбедносни мерки како би се изолирала опасноста од прегазување на пешаците, имајќи предвид дека оваа улица најмногу ја поминуваат...