Post Views: 0
Гратис мобилни телефони и гратис картички за паркинг, за кого како. Според најновите сознанија кои деновиве за ТВМ јавно ги соопшти координаторот на советничката група на ВМРО – ДПМНЕ, Дејан Паноски, во Локалната самоуправа спроведени се активности за набавка на мобилни телефони и картички за гратис паркирање на советниците на мнозинството. Според него тоа е класичен обид за нарушување на демократскиот процес во општина Охрид, конкретно во Советот и ваквиот однос според Паноски трае подолго време.
„Мојата порака и пораката на советниците од опозицијата е јасна, не...
Post Views: 5
Во Охрид не е решено основното прашање, канализацијата и одводната мрежа во градот, реагираат од ОК на ВМРО – ДПМНЕ. Никола Митровиќ, портпаролот на партијата забележува дека општина Охрид 8 години се дави во неодговорноста и неспособноста на актуелниот градоначалник Александар Петрески, а тешките моменти и последиците од таквата погубна политика директно удира по грбот на народот.
„Туристички центар како Охрид да се остави без изведба и без санација на одводната мрежа во централното градско подрачје е најголем грев на градоначалникот Петрески кон градот. Вчерашната...
Post Views: 2
Реална е можноста јапонците да инвестираат во заштита на Охридското Езеро, смета Дејан Паноски од билатерaлниот секретаријат. Јапонската мисија која треба еден месец да престојува во Охрид, покажува сериозен пристап и интерес за доизградба на колекторскит систем, со средства од Јапонската Влада, објаснува Паноски. Додава дека интересот е обостран и веќе од наша страна биле изготвени апликациите. Ако се оди како што треба, парите за првата фаза може да ги очекуваме веќе во октомври, категоричен Паноски.
„Сега очекуваме да се конкретизира финансиската помош. Она што сега...
Post Views: 9
Борбата на спортските риболовци за Охридското Езеро продолжува. Претседателот на срд Св. Апостол Петар, Радован Димитриески вели дека конечно надлажните признаа и докажаа дека не се способни да го заштитат рибниот фонд на Охридското Езеро. Додава дека тоа е единствената причина поради која езерото е издадено под концесија.
„Надлежните институции кои требаше досега да ги спречат рибокрадците на успеаа во тоа и сега за да не се фрли вината на нив пред изборната кампања тие по секој случај го дадоа езерото на концесија, која според риболовната основа која е предвидена да...
Post Views: 0
После 7 години престој во Виена, Австрија, Никола Колушески заедно со своите четири деца доаѓа во родното место, Лескоец охридско, односно во Македонија, за да извади пасоши за него и децата. Неговата животна сторија е приказна за еден пожртвуван родител кој со сите животни предизвици храбро се бори своите деца да ги истурка на прав пат. Како што и самиот кажува пред седум години се развел од неговата жена Невена бидејќи не им одел бракот. При тоа таа уште во тој момент се откажала од децата и му ги отстапила родителските права, со можност Никола да може да патува...
Post Views: 4
Патот од Речица до Плаќе, плаче за два и пол километри асфалт. Мештаните на Плаќе години наназад си го бараат ветеното, да се дозавршат двете предвидени фази на проектот за асвалтирање на овој патен правец во должина од 5 километри. Претседателот на М.З. Славко Симоноски вели дека ова е голем и сериозен проблем, кој никако да се надмине. Но и водоснабдувањето на селото е исто така акутен проблем, поради кој не може да се развива руралниот туризам за кој мештаните имаат своја визија за развој, додава тој.
„Вториот проблем ние го имаме со водоснабдувањето за кој проблем...
Post Views: 5
Продолжува приказната на Чифлиганец и АДОРА Инжинеринг во Охрид. Вчера, на големиот празник Илинден, со пригодна свеченост, во употреба беше пуштена стамбената зграда во Билјанини Извори, сместена на самиот влез во Националниот Парк Галичица. Нина Кепеска, портпаролот на компанијата истакна дека во објектот е вграден трудот на тимот на Адора инженеринг.
„Многу често охриѓани велат дека ова е најубавата градба во Охрид многу препознатлива, вклопена во амбиентот на многу добра позиција и што е најважно се краси со врвен квалитет според сите светски стандарди им нуди на...
Post Views: 18
Во Плаќе охридско, одбележан големиот Илинден. По повод востанието на Рашанец во 1903 како и останатите настани поврзани со овој датум, мештаните на Плаќе и годинава со пригодна свеченост го одбележаа 2 ри август, потсетувајќи на денот кога нашиот народ се крена на востание против 5 вековното турско ропство. Претседателот на М.З. Плаќе, Славко Симоноски раскажа за подвигот на Плаќанската чета која во далечната 1903 на 31 август била нападната од турскиот аскер.
„Во борбите на 31 август 1903 год Палќанската чета бележи загуба на Васил Домазетов кој во тој налет загинал...
Post Views: 8
Пред само неколку часа од најавениот митинг на СДСМ, Унијата на млади сили на ВМРО – ДПМНЕ, сакаа на лидерот на СДСМ да го потсетат на се она што направил за Охрид за време на неговото владеење.
„Тука сме денес пред најавениот протестен митинг во Охрид да го потсетиме Бранко Црвенкоски што тој сторил за Охрид и охриѓани.Колку фабрики беа обезвреднати а потоа затворени или продадени,за време на неговото владеење. Да го потсетиме што направи неговиот старо-нов градоначалник во неговото осум годишно владеење.Не изгради ништо, ниту едно фудбалско игралиште,ниту еден тениски...
Post Views: 4
Семејството Филеви и дел од нивното соседство се борат за спас на ранохристијанската базилика и видиковецот на ул Климентов Универзитет, во чија што непосредна близина никнува објект. Павел Филев вели дека во име на градот, со цел да се сочува еден вреден културен експонат, цели 5 години тропа по вратите на институциите. Додава дека ги алармирал сите релевантни фактори во државава кои се надлежни за една ваква состојба, вклучувајќи го и директорот на републички инспекциски служби а со допис се обратил и до премиерот на РМ. Филев категоричен дека никогаш не очекувале...
Post Views: 1
Изборот на Александар Петрески по трет пат за кандидат за градоначалник е вистинскиот, изјави Бранко Црвенкоски лидерот на социјалдемократите.Според него, Петрески е најдокажаниот градоначалник кој во невозможно тешки услови ја презел власта и успеал покрај сите притисоци и опструкции од централната власт, да покаже дека доколку сака, и ако се знае се може, па така за Охрид досега направил многу дури и работи кои не се под негова капа.
„Јас сум убеден дека и Аце и охриѓани во наредниве четири години ќе имаат можност прв пат да видат како и новата Централна власт ќе...
Post Views: 2
Дволичното и коруптивно владеење на СДСМ, најизразено во Трпејца, обвинува пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ, Харалампие Шокароски. Тој денес повторно меѓу трпејчани. Од таму порача, високиот партиски врв на СДСМ да дојде и да отседне во прекрасната Трпејца, па да им објасни на мештаните за непринцииелното и волунтаристичко однесување на староновиот кандидат за градоначалник Александар Петрески.
„Да им објаснат на трпејчани зошто господинот Петрески дволично од една страна издава решенија за рушење на нелегални објкти а од друга страна не сака да ги спроведе што самиот ги донел...