Post Views: 9
За да бидам вредна, весела и здрава секој ден јадам здрава храна. Преку игра, песна до здрава храна во градинката „Јасна Ристеска“. Денес во објектот „Лихнида“, нутриционистот Весна Пирузева Петреска, одржа презентација за важноста на здрвата храна, со цел да се подигне свеста кај децата. Децата наброија неколку видови овошје за кои сметаат дека спаѓаат во здрава храна. Горазд рече дека јаде мед и ореви, Сара сака да јаде морковчиња, а Елена секое утро пие чај со мед.
Децата се учат уште од мали нозе на здрав начин на исхрана, вели нутриционистот Весна Пирузева Петроска....
Post Views: 4
Традиционално и годинава на големиот христијански празник Пресвета богородица Пречиста, избран е новиот кум за празникот Богојавление – Водици 2014 година. Тоа е градоначалникот Никола Бакрачески, кој кумството за големиот празник Водици Богојавление 2014 го сподели со неговиот кум и во приватниот живот Сашо Симески. Честа да се преземе одговорноста за кумството за големиот христијански празник Богојавление – Водици е огромна. Тоа претставува предавање на една од најголемите духовни и хумани вредности со која што може да се закити еден охриѓанец или граѓанин на...
Post Views: 7
Две илјади единки помладок на речна пастрмка запливаа во струшката река Црн Дрим. Со тоа е остварен годишниот план за за порибување во 2013 година велат од одделението за рибарство и аквакултура при Државниот инспекторат за сточарство. Државниот инспектор Јован Бојчовски со апел до риболовците.
„Апелирам до сите риболовци од Струга и населените места кои гравитираат на реката Црн Дрим да вложат максимални напори помладокот со кои е порибена реката да соодветно го заштитиме со цел оваа вода да постане атрактивно место за вршење риболов во наредниот период“ – изјави...
Post Views: 3
За прв пат во Охрид ќе се врши интервенција на периферни артерии на нозе со поставување на стент. Примената на оваа нова метода е голем напредок во интервентната кардиологија вели д-р Никола Бакрачески. Додава дека за таа цел тим од доктори и помошен медицински персонал од Заводот за кардиоваскиларни заболувања бил пратен на едукација во Салзбург, Австрија. Првата интервенција во заводот во Охрид ја демонстрираше реномираниот доктор Ара Угурлуоглу од медицинскиот универзитет Парацелзиус од Салзбург.
„Еве денес имавме можност под негова супер визија и заедно со него...
Post Views: 8
Охриѓани најдобро знаат што е добро за Охрид. Токму затоа претседателот на СДСМ Зоран Заев предлага децентрализација на власта во неколку сфери од општественото живеење, како граѓаните би одлучувале за доброто на општината. Овие пакет мерки доаѓаат со цел да се врати средната класа вели Заев.
„ Децентрализација на центрите за социјлни работи. Пренесување на оваа надлежност на општините ќе овозможи тренспарентност во одлучувањето во распределбата на социјалната помош. Општините имаат повеќе и подобри информации од МТСП, за тоа кој се навистина социјално загрозени граѓани, ...
Post Views: 3
Охрид има Студенски дом со услови како ретко кој друг град во државава. Во моментов се сместени вкупно 190 студенти, со што се исполнети 80% од капацитетот на домот. Тие имаат бесплатна интернерт конекција, 3 топли оброци со мени во чија што креација учествуваат и тие, греење и посебно бања за секоја соба. Пред повеќе од една година домот претрпе голема штета во висина од 5 милиони денари, поради пожарот кој што избувна во котларата. Но директорот Марјан Ристески вели дека денес тоа е само лоша слика од минатото.
„Се направи голема реконструкција на котларата, се вложија...
Post Views: 0
Денес охридските социјал демократи зборуваа за нереализираните ветувања и остварувања на ВМРО – ДПМНЕ. Гласноговорникот на општинската организација на СДСМ Александар Кузески најпрво се осврна на измената на статутот на ЈП Нискоградба. Тој обвини дека од страна на ВМРО – ДПМНЕ направен бил опасен преседан, бидејќи биле избришани неколку клучни критериуми за избор на прв човек на ЈП.
„Од вкупно 7 општински јавни претпријатија, само во ЈП Нискоградба се избриша условот за задолжително работно искуство од 5 години при избор на директор, покрај другите услови утврдени со...
Post Views: 4
Страшни долгови и блокирани сметки во образованието. Тоа е епилогот од владеењето на СДСМ до април 2013 година, обвинуваат од ВМРО – ДПМНЕ. Сашо Донев од редовите на владеачката партија, нагласи дека граѓаните како податок мора да знаат дека во месец април во моментот кога градоначалникот Никола Бакрачески ја превзеде функцијата, блокираните сметки на училиштата во Охрид по основ направени долгови изнесува над 10 милиони денари.
„Деновиве сметката на ОУ “Григор Прличев” е блокирана за дополнителни 9 милиони денари, како резултат на неплатени обврски...
Post Views: 8
Обелоденети имињата на кандидатите за најпрестижната општинска награда Св Климент Охридски патрон на градот. Димче Јанко –копаничар, Димитар Масевски –композитор, ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ Охрид, Спец. д-р. Никола Михајло Филев – вработен во детското одделение при ЈЗУ Општа болница Охрид, Петар Голабоски од Здруженето на граѓани „Аикидо Клуб Буџин“ Охрид, Проф. Александар Радиќ – Леко, Проф. д-р. Павле Митревски – творец од областа на науката,културата и образованието, Тоде Илиевски – филолог за животно дело во областа на книжевноста, енигматика и проблемски...
Post Views: 1
Градоначалникот Никола Бакрачески, првите луѓе на охридските универзитети, претставници од Локалната самоуправа, од денес ја започнаа промотивната кампања на акцијата „Ден на дрвото-засадија својата иднина“. На потегот кај Холандскиот парк беа засадени првите десеттина палми од предвидените 70 кои треба да го красат централното градско подрачје. Првиот човек на градот ги повика охриѓани масовно да земат учество во акцијата и укажа на придобивките од пошумувањето за здравјето на луѓето, животните и целиот биосвет.
„Ние како општина Охрид од денес активно се вклучуваме...
Post Views: 4
Со гумени чизми, најлонски кеси на нозете, испокршени коли, зимно време кал и вирови, летно време прашина, вака години наназад живеат жителите на дел од улицата Сирма Војвада. Тие велат дека по ваква улица цела со дупки минуваат секојдневно одејќи на работа, училиште и до болница. Бараат општината да се нафати и да ја асфалтира улицата и потесните улички кои водат до нивните домови. Цветан Андоновски крајно е револтиран од според него неодговорниот однос на надлежните институции за асфалтирање на патиштата. Тој е повратник од Германија и нагласи дека за 40 години колку...
Post Views: 1
Ќе се потикнува вработувањето на младите луѓе во Охрид, преку формирање на Локален економско-социјален совет. Денес во општината, во организација на ССМ и Фондацијата Фридрих Еберт се одржа трибина посветена на потребите и предизвиците кои се наметнуваат за креирање на Локални економско – социјални совети. Станува збор за тела кои се од советодавно консултативен карактер во чија што работа ќе учествуваат синдикатите, работодавачите како и претставници на Локалната Самоуправа. Како што изјави првиот човек на ССМ д-р Живко Митревски овие тела ќе бидат насочени кон...