Post Views: 0
Како што ТВМ неодамна информираше, пристапот до реномираната Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“, Охрид, е комплициран за пациентите кои доаѓаат од другите градови, бидејќи нема ниту една сообраќајна ознака која ќе ве одведе таму. Исто така пристапниот пат до таму е изрешетан со ударни дупки, а во ноќните часови лесно може овој комплекс да го одминете затоа што не е осветлен. градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески со оптимистички најави во врска со ова.
„Ние сме во постојана комуникација со Агенцијата за патишта и постојано ги известуваме...
Post Views: 11
Наместо уредено зеленило, купишта смет расфрлан насекаде. Ваква е секојдневната слика на дел од ул. Карпош Војвода, каде што до израз очигледно доаѓа негрижата на станарите од околните станбени комплекси во тој дел.
Наместо во садовите предвидени за комунален смет, едни ѓубрето го фрлаат од терасите а други пак следејќи го лошиот пример само го оставаат преку оградата.
Покрај комунален отпад на тоа место не ретко се одлага и градежен шут, па оттука совесните граѓани ги повикуваат надлежните инспекциски служби да излезат од канцалариите, бидејќи сметаат дека во делови...
Post Views: 0
Презентирана отчетот на градоначалникот Никола Бакрачески. 72 наслови и 100 активности на 50 страни, содржи печатеното издание на отчетот за дел од активностите и дел од реализираните проекти на градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески, во периодот април-декември 2013 година. Во отчетот се нотирани деловите од функционирањето на Локалната Самоуправа кои се значајни за инфраструктурните, организациските и јавните дејности во општината кои согласно законските дејности ги извршува Локалната самоуправа, истакна првиот човек на општина Охрид Никола Бакрачески.
„Продолжувајќи...
Post Views: 14
Темпото со кое оди собирањето потписи за кандидатура за претседател е споро. Засега единствената кандидатка за функцијата претседател, припадничка на понежниот пол, Проф. Билјана Ванковска вели дека спорото темпо не ја изненадува затоа што зад неа не стоела никаква организација и се е оставено на самоиницијативноста на граѓаните. Таа додава: „Немам автобуси кои би ги носела своите поддржувачи“. По првите денови на гужва и непристојна агитација од членови на одредени партии, состојбата деновиве била посмирена. Граѓаните во попристојна демократска атмосфера одат да...
Post Views: 5
Денеска отпочна асфалтирањето на уличките во Косел. Тоа е реализација на еден од двата проекти со кои Локалната самоуправа, на оглас од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој, аплицираше кон крајот на месец мај минатата година. Првиот човек на општина Охрид, д-р Никола Бакрачески се пофали дека програмите се покажале како издржани и точно поради тоа и двете биле прифатени од Агенцијата.
„Ова асвфалтирање ќе заземе 8 краци во село Косел со вкупна должина од 1000 метри на површина на 3000 метри квадрати. Рок на изведување на работите е еден...
Post Views: 16
Ресторанот кој работи во склоп на охридските гробишта под клуч. Влага, мувлосани и напукнати зидови, пајажини, неподнослива реа во делот каде што се готви, неиспрани завеси, дотраена и излупена дограма и што уште не, се е дел од амбиентот кој не иполнува минимум услови за извршување на дејноста за која е наменет, а цели 11 години е во владение на фирмата Ивире, вели првиот човек на ЈП Градски гробишта Зоран Симоноски. Тој додава дека договорот со досегашниот корисник, завршил на 27 јануари оваа година и истиот не е продолжен, од причина што затекнале катастрофално...
Post Views: 8
СДСМ ја заморува јавноста со пресовите на кои ги објаснуваат активностите и заложбите на ВМРО – ДПМНЕ во Охрид, обвинуваат од владејачката партија. Наспроти тоа, на јавноста добро и е познато кој работи, истакна гласноговорникот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Митровиќ. Тој на охридските социјалдемократи им порача, доколку сакаат да разговараат во интерес на граѓаните на Охрид, да се изјаснат за економските потези на Владата на ВМРО – ДПМНЕ.
„Нека нека се изјасни дали зголемувањето на платите на вработените е за нив добар економски потег и во интерес на сите граѓани вклучувајќи...
Post Views: 0
Месец на дијабет во Дарон. Трета година по ред Лајонс Клубот од Охрид, ПЗУ „Дарон“ и Здружението на дијабетичари, организираат хуманитарната акција за проверка на тримесечниот шекер во крвта. 300 пациенти ќе можат бесплатно да го тестираат шекерот вели д-р Костантин Георгиески од ПЗУ „Дарон“.
„Пациентите по претходно добиен ваучер од своите матични лекари или од Здружението на дијабетичари можат да добијат тестерање на гликозиран хемоглобин HB1C . Сите пациенти кои што се заинтересирани да земат учество во оваа акција, да се обратат кај својот матичен лекар за да собијат...
Post Views: 1
Надлежните иако најавија дека експресно ќе бидат санирани уништените препреки камерата на ТВМ денес регистрира само еден камен поставен во лежиштето на едно од столбчињата на Туристичка.
Како што ТВМ пред една недела поточно на 5 ти февруари информираше, на дел од пешачките острови на двата најфрекфентни булевари дел од столбчињата се откорнати. Таквата состојба ја злоупотребуваат возачите, посебно таксистите и често преку тие острови недозволено преминуваат од едната на другата страна на улицата, со што ја загрозуваат безбедноста на учесниците ов сообраќајот.
Од Локалната...
Post Views: 0
Состојбата со грипот во Охрид, стабилна. Од почетокот на сезоната, бројот на заболени од грип е во благ пораст, но, бројките не се разликуваат драстично од истиот период од минатата година. Според информациите од епидемиологот д-р Јованка Стурлакова Коровешоска, во првите две недели биле регистрирани 18 заболени, третата недела започнала да расте бројката за да стигне до 104 претходната и 110 последнава недела.Имунизацијата на охриѓани со вакцини против грип и тоа како има влијание врз бројката на заболени. Според Стурлакова досега немало пријавено заболен од грип оној...
Post Views: 8
Како што кажа Тунтев прес ќе одржеле следнава недела за ветените а нереализирани проекти односно она што било ветено во програма ВМРО- ДПМНЕ за Локалните избори затоа што не добиле отчет од градоначалникот што било срботено во 2013 година. Тунтев како тема го посочи и односот на ДПМНЕ кон културата во градот потенцирајќи дека охридскиот народен театар не одржал претстава 6 месеци. Еден од следните пресови СДСМ ќе го закаже на локлитетот Плаошник за како што кажа Тунтев јавноста да види дека бетонските чудовишта биле повисоки од црквата.
„Каде е извештајот УНЕСКО,...
Post Views: 0
Развојно туристичка зона и урбанизација на Студенчишкото блато, наместо реализација на проектот „Заштити го блатото сочувај го златото“, предупредуваат охридските социјал демократи. Портпаролот на ОО на СДСМ Александар Кузески истакна дека ништо од она, што било усвоено и потврдено од релевантните лица и институции, за Студенчишкото блато не важело. Важеле инструкциите, добиени од власта на ДПМНЕ, според кои локалната самоуправа треба да изврши ревизија на зоната на строга заштита.
„Сега дознаваме дека студијата не важи, дека одлуката на охридските советници од пред...