Post Views: 3
Продолжува серијата прес конференции на ОО на СДСМ на кои тема е отчетот за сработеното на градоначалникот Никола Бакрачески. Ќе продолжиме со презентацијата на нереализираните проекти, велат од СДСМ. Во програмата за детска заштита, Христина Гогоска раководителот на Центарот за комуникации,го потенцира проектот за работа на детската градника во две смени. Во делот за култура, избришани биле ставките, поддршка на естрадни уметници и меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура. Гогоска потсети дека охридскиот народен театар 7 месеци нема поставено претстава....
Post Views: 2
Традиционално, денеска на припадничките од понежниот пол кои управуваат моторни возила, 8 ми март им го честитаа припадниците на охридската полициска служба. „Среќен празник од името на СВР“ Охрид, имаме чест да ви го честитаме денот на жената „8ми Март“ со ова убаво цвеќе“ – можеше да се слушне денеска од охридските полицајци кои и оваа година на исто место како и лани, на пресекот на Туристичка со Даме Груев, ги сопираа жените возачи.
„Во името на СВР Охрид на сите припаднички на понежниот пол им го честитам денешниот празник 8 ми март. Денеска СВР Охрид празникот...
Post Views: 2
Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, по повод 8 ми март меѓународниот празник на жената оствари средби со голем број на претставнички од понежниот пол.
Каранфили од градоначалникот добија и постарите охриѓанки на одделението за геријатрија.
„На сите жени од Охрид и од Р. Македонија многу среќа и здравје, помалку грижи и се надевам дека еден ден Македонија и Охрид ќе биде место каде што нема да постојат ниту социјални ниту полови предрасуди и местото на жената во целокупното живеење ќе биде подеднакво“ – изјави Бакрачески.
Директорот на општа болница Охрид,...
Post Views: 1
Секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, во посета на Косел. И покрај тоа што досега во Косел се вложени многу средства за асфалтирање на патишта, сепак мештаните имаат забелешки, вели Спасески. Според него главно тие се однесуваат точно на делот на кој Локалната самоуправа, Охрид во моментов изведува работи во оваа општина.
„Граѓаните генерално имаат барања во однос на подобрување на условите за живот, она што е и наш приоритет како Локална Самоуправа, значи согласно програмата за работа и наша интенција е да создадеме подобри услови за живот на сите граѓани...
Post Views: 1
Цвеќина и садниции во дворот на ОУ „Св Климент Охридски“. Хортикултурното уредување во дворот на училиштето кое што го прави ЈП Охридски Комуналец е дел од проектот 40 зелени катчиња, како што нагласи првиот човек на претпријатието Елена Скрческа.
„Тоа е една акција која што сакаме да помогниме во однос на изгледот на нивниот двор на површина и осетот на учениците за нешто убаво уште од помала возраст. Во училиштето најдовме еден неуреден простор и сакавме истиот да го уредиме, донесовме поголем број на садници, цветни и зимзелени – објаснува Скрческа.
Цветните...
Post Views: 6
Пријавениот, казненото дело го сторил во периодот од 21-ви до 28-ми минатиот месец при што, и покрај покажаното спротивставување од жртвата тој го присилил и извршил обљуба над малолетното момче.
Нападот го извршил во близина на едно училиште во Дебар.
Од СВР Охрид информираат дека во расветлувањето на ова казнено дело, покрај полициски службеници вклучени биле и стручни лица од Центарот за социјални работи по чија иницијатива, специјалист хирург извршил специјалистички преглед во општата болница во Дебар.
{loadposition content9}
Post Views: 6
Денес околу 12 часот и 30 минути, на стариот пат Охрид – Струга во непосредна близина на постојката кај селото Подмоље, настрада велосипедист.
Како што дознава ТВМ во велосипедистот удрило возило марка Форд. Настанот го потврди портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски. Од она што од него успеавме да добиеме како информација, станува збор за лице на возраст од 50 до 55 години и дека истото се здобило со тешки телесни повреди.
Според Димоски повредениот итно бил пренесен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Св Еразмо – Охрид. Од СВР Охрид работат...
Post Views: 0
Што најмногу ги интересира граѓаните на Охрид? Oд почетокот на годинава до денеска само 10 тина граѓани побарале информација од општината. Законското право да ја прашаат Локалната институција повеќе го користат здруженијата и организациите отколку физичките лица, вели Васил Ложанкоски од Одделението за односи со јавност при Локалната Самоуправа на Охрид.
Ложанкоски нагласи, дека минатата година општина Охрид имала рекорден број на барања од граѓани за информации од јавен карактер дури 50. Според него најголем интерес граѓаните пројавиле за прашањата поврзани со општествените...
Post Views: 0
Дваесеттата седница на Советот на општина Охрид закажана е за вторник 11 март. На дневен ред предложени се вкупно 56 точки. Предлог одлуките за усвојување на извештаите од работењето на одделението за даноци, комунални такси, противпожарната единица, секторот за спорт млади, невладини организации, како и реализација на програмите за развој на заштита на животната средина, локалниот еконмски развој, потикнување на развој на туризмот и др, за минатата година, се меѓу првите дваесеттина точки. Исто така на усвојување се и предлог одлуките на извештаите од работење на јавните...
Post Views: 0
„Домашна визита“ е проект на превентивни здравствени прегледи. Старите и изнемоштени лица во охридскиот регион кои што не се во можност да вршат редовни контроли и прегледи, од месец ноември минатата година во нивните домови ги посетува поливалентната служба. Имено, патронажните сестри во нивните домови, како што рече првиот човек на ЈЗУ Здравствен дом, д-р Митко Дабески, вршат прегледи како мерење крвен притисок, шеќер во крвта, хемоглобин, холестерол, а во определени случаи и ЕKГ прегледи.
„Имаме еден акционен план, една динамика на посета од тие 13 патронажни сестри,...
Post Views: 2
Иако како што се вели, уште бојата не е исушена на клупата на ул. Карпош Војвода, таа трајно е уништена.
Пред неколку месеци ЈП „Охридски Комуналец“ се обиде да го уреди дворното место пред социјалната зграда на улицата Карпош Војвода, со поставување на две клупи. Очигледно тоа на некој му смета.
Наместо клупите да бидат сочувани од страна на станарите, сликата зборува сосема друго. Од неа остана само металната конструкција.
{loadposition content9}
Post Views: 1
На денешната прес конференција на ОК на ВМРО – ДПМНЕ портпаролот Никола Митровиќ кажа дека сака да ги потсети, како што рече, новите гласноговорници на СДСМ на осум годишната голгота на градот. Митровиќ рече дека СДСМ го остави Охрид во 33 милионски долг, кој ДПМНЕ се обидува да го анулира. Исто така посочи дека ВМРО ДПМНЕ се обидува да го реши урбаниот хаос и пренатрупаната и неефикасна администрација која ја наследиле од СДСМ.
„Затоа, ВМРО ДПМНЕ ја разбира вашата потреба од медиумски простор, ја разбира Вашата потреба особено на оваа помлада генерација на СДСМ да...