Автор: Николоска Биљана

lisica

Лисица во кругот на охридската болница?

Post Views: 3 Деновиве охрѓани во дел од парковката површина на болничкиот комплекс, во непосредна близина на инсталационите цевки за парно и вода забележале лисица. Според нивните кажувања лисицата била окотена тука бидејќи имало и 5 мали лисици. За оваа појава побаравме одговор од првиот човек на болницата Љубен Арнаудов. Тој беше затечен од состојбата бидејќи денес му беше првиот работен ден после искористување на годишениот одмор. Објективот на нашата камера не ја регистрира лисицата, но имаше видливи траги дека престојувала тука, според ископаните дупки, пердуви од кокошки,...

Continue reading

kosista

Почна дислокацијата на такси постојките во Охрид

Post Views: 1 За 10 дена такси постојката на влезот од Горна порта, Кошишта ќе прерасне во пешачка зона. Оваа локација е само една од неколкуте во градов кои ќе се дислоцираат, согласно одлука на охирдскиот Совет. Како што изјави Љупчо Танески од Секторот за комунален развој и сообраќај, ваквите зафати се со цел да им се излезе во пресрет на барањата на Урбаните заедници, во случајов Кошишта, а секако тоа се реализира во координација со стручните служби на општината и сообраќајните инспектори при СВР Охрид, „Во летниот период заради оваа такси станица се формираше едно тесно сообрќајно...

Continue reading

den na penzioneri

Во Охрид одбележан Денот на пензионерите

Post Views: 5 Здружението на пензионерите од Охрид и Дебрца годинава за прв пат го одбележуваат 20 јуни, денот на пензионерите. Ова здружение постои цели 64 години. Годинава Локалната Самоуправа на Охрид, на охридските пензионери им дала средства, овој ден да го одбележат скромно и без помпезности, како што изјави претседателот на Извршниот одбор на ЗП Ѓорѓи Трпчески. „Поканети беа од Локалната самоуправа и од оправдани причини поради нивните активности во Поградец денес тие не присуствуваа, но во некоја друга пригода ќе не удостојат и ќе бидат присутни на нашите активности. Затоа...

Continue reading

kolonija

Јубилејна ликовна колонија „Дебрца“

Post Views: 1   Денес отпочна интернационалната ликовна  колонија Дебрца, која годинава е во знакот на 30 тото јубилејно издание.  Селото Белчишта преку уметничките дела од колонијата претставува бисер на општина Дебрца нагласи Игор Трајкоски, првиот човек на општината. „Ова творештво во изминативе години претставува особено богатство каде мотивот е земен од самата општина без разлика на какви техники на творење се земени битно е претставено тоа што се наоѓа во нашава општина Дебрца“ – рече Трајкоски. Манифестацијата уште од самиот почеток имаше цел, на пошироко ниво да го развива...

Continue reading

soobrakajka

Тешка сообраќајка кај Подмоље

Post Views: 5 Младо момче од Охрид го загуби животот во сообраќајна незгода. Тешката сообраќајна незгода се случила синоќа во 1 часот и 40 минути на магистралниот пат Охрид -Кичево кај надвозникот кај с. Подмоље. На лице место почина дваесет годишниот Жарко Цепенкароски од Охрид. Според извештајот на МВР сообраќајната незгода се случила кога патничкото возило марка „шкода фелиција“, удрило во еден од бетонските столбови од надвозникот, при што настанал пожар, а потоа и експлозија. {loadposition content9}  

Continue reading

restoran grobista

Ресторанот на гробишта доби нов закупец

Post Views: 2 Ресторанот на охридските градски гробишта издаден на краткотраен закуп за 5 години на ресторан Тино, дознава ТВМ. Оваа информација ја потврди и првиот човек на ЈП „Градски Гробишта“ Зоран Симоноски. И покрај изјавата која за ТВМ ја даде  Симоноски кон крајот на месец мај годинава, дека огромен бил интересот за  закуп на ресторанот лоциран кај градските гробишта, сепак на Јавното наддавање кое беше на 17 јуни годинава интерес пројавил само еден наддавач кој целосно ги прифатил условите од огласот и понудил цена од 2050 евра, месечно која е прифатена од страна на ЈП Градски...

Continue reading

krvodaritelska

Црвен Крст и Спорт лајф и годинава го одбележаа Светскиот ден на крводарителството

Post Views: 0 Традиционално и годинава, по осми пат Црвениот Крст од Охрид во соработка со спортската обложувалница „Спорт лајф“, ја реализираше крводарителската акција по повод Светскиот ден на крводарителството. Оваа акција веќе е  препознатлива меѓу охриѓани посебно од страна на хуманите крводарители, кои секогаш масовно се одзиваат, вели Сашо Точков, претседателот на Црвениот крст. „Одзивот е навистина задоволителен, уште од раните утрински часови од 9 часот континуирано крводарителите доаѓаат и даруваат крв. Минатата година имавме преку 100 единици и годинава се надевам дека...

Continue reading

bekatnoki

Што произведува ЈП „Градски Гробишта“

Post Views: 2 Обновено производството на готови бетонски производи. ЈП „Градски Гробишта“, со цел да ја подобри финансиската состојба се зафати со нови дејности. Директорот на ЈП Зоран Симоноски нагласува дека и порано Градски гробишта како работна единица во рамките на ЈП „Охридски Комуналец“ , дел од тие производи ги работеле, но од за него непознати причини тоа производство било занемарено, за сега повторно да го активираат. „Со оглед на бројот на вработени со оглед на другите трошкови што ги имаме само со приходите досега што биле во ЈП, направивме анализа дека не можеме да го...

Continue reading

soobrakajka

Две лица загинаа во сообраќајна незгода кај Требеништа

Post Views: 0 Синоќа неколку минути после полноќ се случи тешка сообраќајна незгода на патниот правец Кичево – Охрид кај селото Требеништа. Во сообраќајната незгода учествувало едно патничко моторно возило, марка мерцедес со швајцарски регистарски таблички. Во возилото биле две лица кои на лице место ги загубиле своите животи.  Според СВР Охрид, сообраќајната незгода се случила во момент кога еден од починатите управувајќи го возилото изгубил контрола над возилото, по што возилото удирло на десната страна во заштитниот браник и излетало од коловозната лента. Потоа возилото се срушило...

Continue reading

saat kula

Дали ќе се асфалтира ул. Нада Филева?

Post Views: 2 Нада Филева е една од улиците во старото градско јадро, поточно кај Саат Кулата која остана неасфалтирана повеќе од 7 децении како што кажуваат жителите од овој потег. За нив неприфатливо е како може во 21 век на само неколку метри од центарот на градот, жителите, посебно децата на зима да  поминуваат низ кал.  На лето пак туристите сместени во куќите кои издаваат апартмани да голтаат прашина. Според нив, фактите говорат дека на оваа улица има повеќе од дваесеттина куќи во кои живеат околу стотина жители и се соочуваат со овој проблем. Жителите на ул „Нада Филева“ во...

Continue reading

pazar

Дали конечно се надзира изградба на покриен зелен пазар во Охрид?

Post Views: 3   Денес е распишан тендер за изградба на покриен зелен пазар во Охрид. ЈП „Градски пазар“ ќе избира најповолна понуда за изградба на новиот објект по пат на јавно приватно партнерство. Новиот затворен пазар според веќе изготвената физибилити студија треба да се гради на површина од 6779 метри квадратни на три нивоа, П плус два, како што најави општинскиот гласноговорник Томе Џамтоски. „Според физибилити студијата економска оправданост постои само ако општината добие 1230 метри квадратни зелен пазар и тоа на приземјето кое треба да е опремен со 192 тезги по хасап систем...

Continue reading

zardenjeri

И оваа година “Цветни балкони – Цветен Охрид“

Post Views: 4 300 жардинери со саксиско цвеќе денес беа поделени на 100 тина охридски семејства. Ова цвеќе од расадникот на претпријатието  „Охридски Комуналец“ќе се пресели во нивните дворови. Денешните подарени садници се само дополнителен мотив, охридските дворови да го добијат вистинскиот лик и да претставуваат одмор не само за нивните очи туку и другите да се восхитуваат, велат граѓаните. „Супер се искрено кажано и за охрид и за нашите  домови. Повеќе ќе се заинтересираат луѓето за своите домови преку ваквите акции. Добро е совршено така треба да продолжат народот треба да одгледува...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top