Post Views: 3
СВР Охрид трага по возачот на автомобил БМВ, со кое синоќа на магистралниот пат Охрид-Кичево во сообраќајна несреќа беше усмртена 74 годишна жена од Охрид. Несреќата се случила во 18 часот и 45 минути кај селото Горенци, кога возилото со тетовски регистарски таблички директно удрило во жената и веднаш по тоа го напуштил местото на настанот, не укажувајќи и прва помош.
„Во моментов СВР Охрид превзема интензивни мерки со цел да се најде несовесниот возач и да се најде автомобилот со кој што е извршен ударот кој што бил кобен за 74 годишната жена. Полициски екипи веднаш...
Post Views: 0
Педалинките во Струга заминуваат во историјата. Струшките советници на последната седница едногласно ја изгласаа одлуката за забрана за издавање на педалинки долж крајбрежјето во Струга. Градоначалникот Рамиз Мерко, вели години наназад најголем број на давеници биле млади кои животот го загубиле користејќи педалинка и смета дека тоа мора да запре, и затоа оваа одлука ја прифатил и подржал со раширени раце.
„Заради профит на неколку граѓани кои можеби и немаат и фирми за педалинки и досега немале никаква одговорност да и понатака работат со педалинки еве советот тоа право...
Post Views: 2
Вредностите на планината Јабланица се многубројни и заслужуваат трајна грижа. Денес во општина Струга од страна на градоначалниците на Струга и Вевчани беше потпишана Иницијатива за заштита на планината Јабланица, преку донесување Закон за прогласување на Јабланица за заштитено подрачје во категорија Национален парк. Претседателот на иницијативниот одбор Јован Секулоски потенцирајќи ги вредностите на Јабланица истакна дека иницијативата започнала пред 10 години и треба да заврши како стремеж за интегрална заштита на планината од двете страни на границата.
„Ние сме убедени...
Post Views: 0
Струшките советници не беа задоволни од одговорот на општинскиот инспекторат кој се однесува на извештајот за состојбите на крајбрежниот појас. На денешната седница на Советот, тие од општинските надлежни служби побараа да испратат ургентно барање до државниот инспекторат за животна средина, нивните инспектори да излезат на увид со цел да се добијат попрецизни информации околу тоа што се случува на струшкото крајбрежје.
„Секако дека инспекторатот мора да биде поажурен, не само во делот на крајбрежјето туку и во однос на целокупните состојби во општина Струга. Мора да...
Post Views: 1
Величенствена литија во Струга по деветти пат. Стружани и годинава масовно се поклонија пред моштите на Св Георгиј Победоносец и неговата чудотворна икона. Стружани но и бројните посетители со порака, сите верници да го следат патот на спасението преку Христа.
„Би сакал секој да дојде и да почуствува во своето срце што се случува и да сведочи. Може многу да се зборува, но да се почуствува љубовта, светоста, добрината на овој светител кој ја чува Струга и цела држава е голема“.„Секоја година учествувам на литијата во чест на Св Горѓи и се чуствувам се порадосно и поблагодатно,...
Post Views: 4
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска во Струга имаше состанок со претставници на Асоцијацијата на хотели, ресторани, кафетерии и автокампови ХОТАМ, предводени од претседателот Крсте Блажевски. На средбата се разговараше околу подготовките за туристичката сезона и за интересот на граѓаните за користење на мерката на Владата за поддршка на домашниот туризам за работници со ниски приходи, која е со рок за аплицирање до 31.05.2018 година. Министерот Бектеши истакна дека оваа година за месец јануари и февруари во споредба со истиот период минатата година имаме...
Post Views: 1
Отпадот од дивата депонија во Струга ќе се транспортира во скопска Дрисла, за 40 дена. Сеуште е отворен јавниот тендер со кој општина Струга избра компании кои ќе се погрижат конечно да се реши овој горлив проблем. Дашмир Насуфи од општина Струга појснува како ќе се одвива целата постапка околу оваа проблематика.
„Првиот дел е конструкција на местото монтажа, и за тоа има заинтересирано едан компанија ов Струга, вториот дел е конзервирањето на сметот, тука конкурираа две компании и третиот дел е транспорт за Дрисла, каде конкурираше само една компанија“
Вкупната сума...
Post Views: 1
Неколку населби во Струга деновиве се под вода. Тоа е последица од обилните врнежи кои деновиве беа зачестени но и од наглото топење на снегот. Овој проблем во Струга е децениски, велат дел од анкетираните граѓани. Тие кажаа дека една од причините е тоа што дел од куќите се изградени под нивото на езерската вода.
„Проблемот со водата е со години. Но, мислам дека главниот проблем за овие поплави е во главниот канал кој се наоѓа покрај магистралниот пат кој води за Албанија. Ако тој канал се одржува и се чисти на време, нормално дека водата ќе се влева во реката Црни Дрим...
Post Views: 2
Општина Струга денес организираше собирна акција, во која се вклучени струшките ЈП и ОО на Црвен крст и Центарот на заедниците. Секогаш се залагаме за хуманоста која треба да постои, да се негува и секогаш треба да се користи како алатка за помагање на лица кои навистина им треба помош од институциите и граѓаните, исткна градоначалникот на Струга Рамиз Мерко. Тој нагласи дека од 2007 година Локалната самоуправа финансиски го оддржува здружението „Порака“, а новиот совет го зголеми буџетот за нив..
„Ево и денес и во наредните денови и месеци и во целиот мандат, сите ние...
Post Views: 2
Граѓаните на Струга сеуште во неизвесност дали ќе се градат социјални станови за ранливата категорија. Бројот на лицата кои немаат покрив над глава или пак живеат во лоши услови во општина Струга од ден на ден расте. Во 2015 година од Агенцијата за стопанисување со стамбен и деловен простор имаше најава дека и во оваа општина треба да започнат со изградба на социјална зграда, дури беше позната и локацијата, во населбата Плитишта, но за жал тогаш не нашле заеднички јазик со поранешниот градоначалник Зијадин Села, околу реализација на овој проект. Актуелниот градоначалник...
Post Views: 4
Општа болница Струга располага само со едно болничко возило. Тоа е за потребите на сите одделенија во оваа медицинска установа. Не ретко посебно во летниот период се случува да има потреба и по неколку пати во текот на денот ургентно да треба да се транспортираат пациенти до Државната болница во Скопје, открива директорот на болницата д-р Асим Муса. Тој додава дека често и тоа возило и покрај тоа што е функционално, има дефекти.
„Вистина е дека имаме само едно возило. Истото е од 2007 година и има поминато 400 илјади километри. Цела болница го користи само тоа возило....
Post Views: 3
Со цел да имаме Закон за јавни набавки кој ќе биде квалитетен, донесуваме нов закон кој ќе биде применлив и прифатлив подолго време, истакна министерот за финансии Драган Тевдовски на денешната втора дебата за реформите во јавните набавки која се одржа во Струга. Според него значајни промени во насока на надминување на утврдените слабости во системот на јавни набавки предвидува новиот предлог закон, посочувајќи дека наместо „најниска цена“ како единствен критериум за јавните набавки како што беше досега, со една од промените како критериум за најповолна понуда се поставува...