Автор: Јаковлева Лионела

kajce

Се поизвесно воведувањето на бродската линија Охрид- Поградец

Post Views: 8   Се поизвесно воведувањето на бродската линија Охрид- Поградец. Капетанот на Охридската капетанија, Горан Устијаноски вели дека досега биле одржани  повеќе работни средби на работни групи од кои едната била од Поградец каде биле донесени неколку  заклучоци. -Ги информиравме албанските колеги дека во законската регулатива на РМ за отварање привремен граничен премин кај Св. Наум нема никакви пречки. Во моментов сме во исчекување на информации од албанска страна дали тие можат да донесат аналогно решение од нивното Министерство за внатрешни работи за отварање привремен...

Continue reading

letnik

Децата во градинката Росица го одбележаа Летник

Post Views: 4 Дечињата згрижени во детската градинка Росица со песна на сите јазици од етничките заедници го одбележаа Летник.  Празникот се одбележа весело со песна и со  подарување на мартинки и  варена пченка. Преку  приредба децата  од сите етникуми кои се згрижени во овој објект прикажаа  дел од обичаите кои се карактеристични за денот Летник. Според  верувањето овој ден  е почеток на новата година или крај на зимата и почеток на летото. Се верувало дека мартинките симболизираат среќен живот и здравје заштита од штетници. Полната трпеза – значи богатство на трпезата преку целата...

Continue reading

kajce

Чамците кои не се впишани во регистарот на пловни објекти ќе може да се легализираат

Post Views: 3   Чамците кои се користат на езерата во државава кои не се впишани во регистарот на пловни објекти ќе може да се легализираат до 3 септември годинава. Ова е овозможено со измените и дополнувањата на Законот за внатрешна пловидба што неодамна беа усвоени од страна на Собранието на Република Македонија. Легализацијата на чамците ќе се врши со поднесување предлог за легализација до надлежниот суд според местото каде што се наоѓа живеалиштето на сопственикот на тој пловен објект. По поднесениот предлог за легализација, судот во рок од три дена ја известува Капетанијата на...

Continue reading

sredba

кинескиот амбасадор во Македонија го посети Градоначалникот

Post Views: 1 Градоначалникот Никола Бакрачески, денеска прими кинеска делегација предводена од Амбасадорот на Република Кина во Република Македонија, Цуј Џивеи чиј мандат истекува во месец мај годинава.Градоначалникот Бакрачески се заблагодари за сите заложби и активности , што Амбасадорот Џивеи ги направил за доброто на Република Македонија но и за градот Охрид, посебно истакнувајќи ги неговите заложби за реализација на проектот што се однесува на изградба на автопатот од Кичево до Охрид, а кој е особено значаен за туристичкиот и стопански развој на градов. Амбасадорот Цуј Џивеи...

Continue reading

urbana oprema

Се намали комуналната такса за поставување урбана опрема

Post Views: 2   Пониски цени за закуп и комунална такса. Угостителите и другите правни лица кои пред своите објекти ќе сакаат да постават урбана опрема, во иднина за оваа давачка ќе треба да издвојат помалку пари. Така беше одлучено на вчерашната 20-та седница на Советот на општина Охрид. Според Програмата за поставување на урбана опрема, цената на закуп на метар квадратен ќе чини 250 денари во првата зона, 150 денари во втората и 100 денари во третата градска зона. Исто така ќе биде намалена и висината на комуналан такса од 10 денари на 7,5 денари. -Во изминатиов период имавме интензивна...

Continue reading

uciliste

Св. Кирил и Методиј, ново средно училиште во градов

Post Views: 0 Се формира ново општинско средно училиште. Економското училиште и медицинската паралелка се издвоиja од Гимназијата Св. Климент Охридски. Секретарот на Општината, Димитар Спасески вели дека ова била идеја уште на минатиот совет во 2010год. кога донеле одлука за поделба на ова училиште. Сега додава Спасески се создале услови таа идеа да се реализира. -На крајот на минатата недела Министерството за образование ја даде согласноста за поделба. Претходно стручна комисија од министерството направи увид врз објектите, наставниот кадар, бројот на учениците и утврди дека сите...

Continue reading

tomislav tuntev

Завршната сметка на буџетот на Општина Охрид, неприфатлив за советниците од опозицијатa

Post Views: 1 Извештајот за остварените приходи и извршените трошоцина буџетот по завршната сметка на буџетот на Општина Охрид за 2013год., неприфатлив за советниците од СДСМ. Координаторот Томислав Тунтев вели дека  низ него провејуваат политички квалификации од типот дека до април минатата година се работело незаконски со асигнации, цесии, компензации и др. и дека немало усогласеност со законската регулатива, а дури од доаѓањето на новата власт почнало да се работи законски. –Ако осум години се работело незаконски  со виртуелни пари како што велат, каде тогаш биле  централните...

Continue reading

legitimacija

Повик за волонтери и набљудувачи за претстојните претседателски и парламентарни избори

Post Views: 6 И на претстојните Претседателски и Парламентарни избори, Коалицијата со голем број на акредитирани набљудувaчи и волонтери активно ќе го следи изборниот процес и политичките кампањи кои се составен дел на изборите. Ги повикуваat сите заинтересирани граѓани од Република Македонија кои сакаат да се пријават за акредитирани набљудувачи и волонтери да се пријават најдоцна до 25 март 2014, на следниве адреси: izlezidaglasas2014@gmail.com или на поштенски фах 79 За да бидете набљудувач потребно е :•     Да сте граѓанин на Република Македонија;•     Да имате навршено 18 години...

Continue reading

punkt

Денови на идеи

Post Views: 2 Од вчера охриѓани можат своите идеи да ги напишат и да ги остават на пунктот на плоштадот Св. Климент Охридски. Ова е пракса на ВМРО ДПМНЕ во последниве неколку години а со цел граѓаните да можат своите лични идеи  за тоа што треба да се направи во средината во која живеат или пак во државата да ги искажат тајно. Потоа идеите се разгледуваат и оние кои се издржани се ставаат во програмата која се подготвува за наредните парламентарни избори за таа да биде поблиска до народот. Многу идеи кои граѓаните ги дадоа на пример за едно евро за метар квадратен за продажба на државно...

Continue reading

kujna

Насоката на ФТУ, гастрономија, исхрана и диететика, се попривлечна за новите студенти

Post Views: 1   Насоката на ФТУ,  гастрономија, исхрана и диететика, се попривлечна за новите студенти. Со новините кои е планирано да се внесат ги пратиме светските стандарди во оваа област, вели Проф. Д-р Ангела Василеска. За овој летен семестар планирано е по втор пат да се организира работилница за вино која ќе ја води врвен енолог од винаријата Стоби кој студирал енологија во Франција и е еден од најдобрите во Македонија. Сметам дека исклучително е потребно студентите да имаат добри познавања од оваа област. За жал во угостителските објекти сеуште многу малку се обрнува внимание...

Continue reading

mitrovic

Охрид доживеа преродба, велат од ВМРО ДПМНЕ

Post Views: 1 „Охрид со  Градоначалникот Никола Бакраческим за една година доживеа преродба. Се подобри патната инфстрактура и се реконструираа многу патишта во Општината“, рече  портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Никола Митровиќ на денешната пресс конференција. Како пример ги посочи асфалтирањето на улицата  Радојца Новичиќ, улицата Сирма војвода, улицата Богомилска, улицата Петрино, улицата Крум Точко, улицата Јане Сандански, улицата Ристо Чадо. Митровиќ рече дека асфалтирани се и поголем дел на тесни улички пред значајни институции како што се градинки, училишта и уште многу други...

Continue reading

proslava

Денот на албанската просвета и албанскиот учител одбележан со свечена програма

Post Views: 6 Основното училиште „Братство единство“ од Охрид денес  гo одбележа 7-ми Март- Денот на албанската просвета и албанскиот учител. На овој ден во 1877 год. било отворено првото училиште на албански јазик во Корча, а во 1961год. е одлучено овој датум да се прославува. Директорот на ОУ Братство единство, Муамер Доко вели дека сите овие години се вложувале напори да се издигне професијата на албанскиот учител на едно повисоко ниво и во тоа се успеало, но додава дека сеуште има простор за работа на оваа тема. –И понатака треба да се трудиме за да ги подобриме условите...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top