Kонечно после 10 години можеме блиску да тренираме, задоволни алпинистите. Идејата и реализацијата на овој проект потекнува од Црвениот крст.
Конечно после 10 години можеме блиску да тренираме, задоволни алпинистите. Идејата и реализацијата на овој проект потекнува од Црвениот крст.
Алпинистичката атракција во Охрид.Карпата во месноста Канео, до црквата на СВ. Јован, нуди одлични услови за обука на идните алпинисти.
„Долго време се трудевме да пронајдеме услови и локација за безбедно искачување но и обика на новозаинтересираните за алпинизам“, вели Антонио Додевски, секретар на црвен крст.
„На карпата ќе можат да се качат сите вљубеници во есктремните споротoви но и оние кои ќе пројават желба да пробаат нешто такво. Инаку, Нема само да е класична карпа за качување туку ќе има и т.н цибрични точки на кои ке се вежбаат различни техники“, вели Додевски.
Тој додава дека членовите од алпинистичкиот клуб од Охрид очекуваат карпата кај Канео да биде вистинска атракција за сите оние кои секојдневно доагата овде. Димитри Димитров, од алпинистичкиот клуб АПЕКС , на оваа карпа која е висока околу 15 метри ги направил првите почетоци во алпинизмот.Вели дека секој ден доага овде и дека чуството да се биде над другите и да го имаш Охрид и езерото на дланка се појаки од се друго.
Инаку, новата алпинистичка атракција, карпата во Канео, на 9 август во присуство на целата Алпинистичка Македонска асоцијација, официјално ќе биде промовирана за јавноста. Од црвениот крст најавуваат дека истиот ден ќе одржат и трибина за алпинизам, а присутните покрај видео презентација ќе имаат можност да проследат и изложба на професионални фотографии на тема алпинизам.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град