„Илинденска регата“ по 41 – ви пат во Охрид

На 31 јули свечено започнува традиционалната „Илинденска регата“, натпревар во едрење. Ќе се натпреваруваат повеќе од 70 едриличари од Швајцарија,Франција,Србија, Црна Гора и Македонија.

edrilica
едрилица

На 31 јули свечено започнува традиционалната „Илинденска регата“, натпревар во едрење. Ќе се натпреваруваат повеќе од 70 едриличари од Швајцарија,Франција,Србија, Црна Гора и Македонија.

pres konferencijaНатпреварувањето ќе се одвива на релација: Градско пристаниште, Горица1, Канео, Градско пристаниште. Во зависност од временските услови ќе се возат 4 и повеќе трки на ден. Ќе се натпреваруваат повеќе од 70 нанатпреварувачи од Швајцарија, Франција, Србија, Црна Гора и Македонија. „ Упатувам апел до сопствениците на пловни објекти да бидат крајно внимателни, за време на трките“ рече Стефан Ставрев-претседател на собрание на едриличари од Охрид.

Организаторите на регатата очекуваат истата со својата атрактивност да привлече големо внимание. Со самото тоа ќе се збогати туристичкото секојдневие на гостите во Охрид, што оди во прилог и на градот и на државата бидејќи трката е традиционална.„Карактеристично за овогодинешното натпреварување е се поголемото присуство на едрилици „ Минитонци“ што само по себе ја прави трката поатрактивна“, вели Венко Шапкар дир. на ЕК „ АМАК СП“

И оваа год. сметам дека изградивме квалитетни натпреварувачи кои достојно ќе не претставуваат на регатата. Се надевам дека повторно ќе ја освоиме „ Златната маска“, награда која ја добива тимот со најмногу освоени први места“, вели Шапкар.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top