Искуствата од западно – европските земји преточени во Македонија.
На охридскиот кеј со овие корпи ќе се подигне нивото на чистота, велат одговорните на Охридското јавно претпријатие за хигиена. Задоволни и граѓаните.
По теркот на Париските корпи за отпадоци, тргна и Охрид. Кога се сака не е далеку ни Париз. Директорот на ЈП Охридски Комуналец Сашо Алчев проблемот со отпадоците на едно од најфрекфентните места за охриѓани и бројните туристи –кејот, го реши по примерот на Париз поставувајќи практични корпи за отпадоци. Граѓаните задоволни од ваквата иницијатива со единствена забелешка дека подобро би било кога проѕирините најлон вреќи би се замениле со темни
Алчев истакна дека поголем број на искуствата од западно европските земји вреди да се имплементираат кај нас.
Дека се прави напор за подигнување на повисоко ниво на хигиената во градот зборува и новото вложување на ЈП Охридски Комуналец. Естетско изработени корпи за отпадоци чекаат амин од градоначалникот Петрески за да се постават низ Охридската чаршија вели Алчев.
Добро е што Охрид почна да прифаќа сугестии и совети од земјите кои имаат искуство за добро менаџирање. Само така граѓаните, ќе имаат причина плус да го почитуваат законот за јавна хигиена.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град