Паско Кузман во „Washington Post“

Во вчерашниот број на дневниот американски весник Washington Post, напишана е колумна од страна на Крејг Витлок за се поголемиот јаз помеѓу македонско-грчките односи и правото кое и двете земји го полагаат врз името на Александар Македонски.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого

Во вчерашниот број на дневниот американски весник Washington Post, напишана е колумна од страна на Крејг Витлок за се поголемиот јаз помеѓу македонско-грчките односи и правото кое и двете земји го полагаат врз името на Александар Македонски.

Во колумната, на долго и широко се наведува за  имињата на националниот аеродром и главниот автопат кон Грција, како и за статуата на Александар која треба да се постави на градскиот плоштад во Скопје. Централно, анализате е посветена на основните прашања: Дали имаме право да се нарекуваме како што сакаме, иако сме резидуален остаток од поранешна Југославија? И колкави се проблемите кои може да настанат во регионов доколку би се продлабочил јазот на меѓусебните односи, а влезот на Македонија во НАТО би се одложил до недоглед.

Во продолжение следуваат добро познатите варијации на тема, нашите територијални аспирации кон Грција, кои министерот за надворешни работи Милошоски ги отфрла како апсурдни, па се до обидот на Грчката страна да се потенцира нашето словенско потекло. Исто така, се наведуваат изјавите на албанските политички претставници, како на пример Мендух Тачи, за нужноста од прием на Македонија во НАТО, кој според него ќе биде аналгетик за главоболката и на Македонците и на Албанцското малцинство во Македонија.

Потоа следува поопширна дескрипција за прашањето на македонскиот идентитет и постоењето на македонското малцинство во Грција, каде се изнесени ставовите на Павле Воскопулос иТодор Петров.         

За крај, вивидно опишан како хибрид помеѓу Индијана Џонс и Дедо Мраз, се споменува и нашиот сограѓанин, директор на Управата за заштита на споменици на култура и археолог по вокација – Паско Кузман. Опишан како „движечка сила во позадина на македонскиот интерес за историјата“, Кузман ја затвара сторијата на “Washington Post” со изјавата:

„Грците жалат поради тоа што тие се нарекуваат Грција, а не Македонија…..што можам друго да ви кажам?“

Пред фактите и боговите молчат.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top