Фелипе Маса наскоро излегува од болница

Возачот на Ферари Фелипе Маса продолжи во Будимпешта успешно да се опоравува по тешката несреќа на патеката Хунгароринг и можно е да биде пуштен од болница до крајот на оваа недела.

 |  Крсте Голабовски  | 
Felipe Masa
Фелипе Маса

Возачот на Ферари Фелипе Маса продолжи во Будимпешта успешно да се опоравува по тешката несреќа на патеката Хунгароринг и можно е да биде пуштен од болница до крајот на оваа недела.

Felipe MasaДиректорот на Ферари Стефано Доменикали и неговиот претходник Жан Тод, како и семејството на Маса, го посетија Бразилецот во болницата АЕК, а лекарите соопштија дека возачот на Ферари мора да се опоравува „чекор по чекор”.

„Штом ќе биде во состојба, ќе се врати во својот болид. Ми се чини дека Фелипе покажа фантастичен напредок за само три дена”, изјави Доменикали.

Лекарскиот тим во болницата во Будимпешта наведоа дека Маса до крајот на оваа недела би можел да биде пуштен на домашно лекување.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top