Многу предлог-одлуки и вкрстени дискусии

На овој начин денеска течеше четвртата седница на Советот на Општина Охрид.

 |  Татјана Маленкова  | 
sovetnici
советници

Најмногу внимание кај советниците привлекоа точките околу буџетите. Буџетот на единицата на Локална самоуправа-Охрид ги скара советниците, по што групата на ВМРО ДПМНЕ ја напушти седницата.

sednicaСоветот на Општина Охрид ја одржа четвртата седница. Многу точки, а малку сработано. Од најавените 17 од дневниот ред, уште на почетокот две беа изземени, а додадени две нови. Приоритет им се даде на предлозите на советникот ТомиславТунтев и градоначалникот Александар Петрески. Првата се однесуваше на издавањето под концесија на Сараште, а втората беше предлог-одлука за одобрување на меѓуопштинска соработка помеѓу Охрид и Струга. На денешната седница следеше oчекувана бурна дискусија на советниците околу предлог-одлуката  за усвојување на Извештајот за остварување  на буџетот за  периодот од 01.01.-30.06. 2009 год. Оваа точка советниците на ВМРО ДПМНЕ не ја подржаа од, како што рекоа, повеќе причини.

„Мене во голема мера ме загрижува приходниот дел од буџетот“, вели Јоне Станкоски од ВМРО-НП. Го проектиравме буџетот по најавите на владата дека ќе продава државно земјиште и сега како приход имаме само 3,37 %“.

„Наместо да интервенираме во приходната страна на буџетот, се добива впечаток дека неговиот ребаланс е за Локалната да набави возила во вредност од 7 милиони и 150 илјади денари. Нема потреба од 2 комби возила и 3 скутери, за градоначалникот и Советот“, рече Паноски.

Паноски во својот говор даде коментар и за двете точки кои беа изземени од дневниот ред. Тој рече:

„Со повелекувањето на точката предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за подршка на локалниот економски развој на општина Охрид, градоначалникот избега од одговорноста работата на раководителот на ЛЕР да ја соочи со Советот“.

Инаку работата на 4-та седница на Советот за советниците од ВМРО ДПМНЕ заврши по четвртата точка од дневниот ред. По низа несогласувања со противничкиот табор, тие ја напиштија седницата.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top