„Гитарисима“ со свој перформанс

„Гитарисима“, квинтет 5 млади дами воодушевува со своите изведби.

Guitarissima
Гитарисима

Вечерашниот концерт ќе понуди едно сосема ново доживување, велат организторите на фестивалот.

GuitarissimaПет млади гитаристки од Австрија, Унгарија и Германија, вечерва ќе се претстават на сцената на „Св. Софија“. Благодарение на нивните аранжмани, составот е револуционерен во полето на музиката за класична гитара. Тие создаваат освежувачки нов звук, кој дава нова димензија на популарната класична музика, како и на помалку познатите композиции, велат музичките селектори на фестивалот.„ Скоро сите аранжмани се направени од нас самите и вечерва публиката ќе има можност да ужива во истите“, велат членовите на квинтетот.

Специфични изведби на Чајковски, Хајден, Брамс, Хостакович како и изведба на Блгарска реченица ќе провејат во текот на вечерашниот концерт, најавуваат дамите од „ Гитарисима“.

„Гитарисима“ својот перформанс го изведува на три различни гитари: октавна гитара, три концертни гитари и акустична бас гитара. „Вечерашниот концерт ќе понуди едно сосема ново доживување, и се надеваме дека тоа на присутната публика навистина ќе и се допадне“, вели Олга Димитрова член на групата.

Членовоте на квинтетот „ Гитарисима“ се едни од добитниците на награди на натпреварот „Отворени жици“ во Германија. Имаат настапувано во Германија, Англија, Луксембург, Хрватска, Австрија, Унгарија и Турција. На вечерашниот концерт изненадување ќе биде претставувањето на композиција од Ларс Вјулер, специјално направена за 5 гитари.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top