Дивите станоиздавачи -трн во око

Комисијата за туризам и локален економски развој, формира тело кое ќе се справува со аномалиите што особено летово се појавија во оваа економска гранка.

 |  Николовска Биљана  | 
turisti
туристи

Комисијата за туризам и локален економски развој, формира тело кое ќе се справува со аномалиите што особено летово се појавија во оваа економска гранка.

Verica HajbaТие од понеделник координирано ќе оперираат низ охридските улици со цел надминување на хаосот што го создаваат дивите станоиздавачи.

Досегашните бројни укажувања за низа неправилности во приватното сместување поради кои трпи туризмот, не вродија со плод. Ова е заклучокот на Комисијата за туризам и локален економски развој која на 22 овој месец одржаа состанок на кој се водеше жестока расправа
за да се да детектира каде лежи проблемот за ваквата состојба. Председателката на Комисијата за туризам Верица Хајба, потенцираше дека вината подеднакво ја носат сите релевантни фактори вклучени во туризмот. За барем делумно да се надминат некои од проблемите формирано е ново тело кое од понеделник ќе делува на терен низ охридските улици.
Комисијата е формирана со цел да се постигне подобра координација меѓу сите институции вклучени во туризмот изјави советникот Јоне Станкоски. Тој додаде дека во најскоро време се очекуваат позитивни резултати, а тоа е да се намали бројот на дивите станоиздавачи во Охрид.
Конкретни резултати од оваа комисија се очекуваат уште во нареднава недела.ТВМ како и досега интензивно ќе ги следи случувањата поврзани со туризмот .

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top