Ќе остане ли плажа во Охрид?

Во моментов не се бираат ни начин ни средства да се закупи секоја педа во вода и на копно.

 |  Татјана Маленкова  | 
Potpesh
Потпеш

Охриѓани реагираат, по Ј’но не смееме да дозволиме да го изгубиме и Сараиште. Ќе направиме се тоа да го спречиме, сложни се граѓаните.

OhridИнформацијата дека Mинистерството за транспорт и врски го издаде Сараиште под концесија, ги вознемири жителите од стариот дел на Охрид.

Жителите од овој дел на градот, деновиве забрзано изнаоѓаат начин, како правно да реагираат и да го спасат последното парче слободно охридско крајбрежје. Во тек е постапка за формиње на здружение за спас на Сараиште. Од таму, со барање до  претседателот на Советот на општина Охрид, на следната седница закажана за 28-ми овој месец, на дневен ред да постави точка за проблемот со Сараиште.

Во врска со овој случај, денес побаравме став и од градоначалникот на Охрид, Александар Петрески. Тој  се сложува со граѓаните и нивните заложби дека овој дел, карактеристичен по многу нешта за Охрид, не смее да се издава на концесионери.

„Не е коректно да дознавам од медиумите дека некоја плажа се издала под концесија. Реагирав веднаш со тоа што го известив министерот Јанакиески што Сараште значи за Охриѓани“, вели Петрески.

По проблемите со Сараште, прашина се крена и за концесионирањето со плажата Потпеш. Граѓаните реагираат и за ова парче охридска земја. На прашањето како оваа плажа две години работеше под капа на локалната, а од годинава преку тендер на Mинистреството за танспорт и врски доби концесионер, градоначалникот со одговор „ За плажата Потпеш ние издадовме дозвола за поставување на урбана опрема….тоа смееме да го направиме и тоа го направивме минатата година…сега комплетно плажата Потпеш е под Министерството за транспорт и врски“.

И покрај нашата упорност да добиеме информација околу концесиите на Сараиште и Потпеш, од Министертвото за транспорт и врски засега молк. Во очекување на официјалн став на Министервото, останува граѓаните да се надеваат дека ќе успеат позитивно да се изборат за судбината на Сараиште, поточно овој дел од Охрид да не се издава под концесија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top