Казнети англиски фудбалери поради обложување

Четворица англиски фудбалери се казнети од пет месеци до една година, бидејќи се обложиле на натпревар на нивните клубови во рамки на четвртата лига.

 |  Крсте Голабовски  | 
funti
фунти

Четворица англиски фудбалери се казнети од пет месеци до една година, бидејќи се обложиле на натпревар на нивните клубови во рамки на четвртата лига.

kladilnicaКазнети се играчите на Акордингтон – Џејмс Харис, Роберт Вилијамс и Дејвид Маникс, како и фудбалерот на Бјури, Ендрју Манган, соопшти англиската фудбалска федерација (ФА).

Еден од казнетите фудбалери настапил на мечот Акордингтон – Бјури, одигран минатата недела, а сите суспендирани погодиле дека ќе победи гостинската екипа.

„Правилата на ФА забрануваат обложување на сите фудбалери на натпреварите или натпреварувањата во кои учествуваат, што е од животна важност да се обезбеди јавна доверба во интегритетот на фудбалот и апсолутна чесност на сите фудбалски натпревари“, соопшти синоќа Асоцијацијата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top