Деталната реконструкција што се изврши врз судската зграда при Основен суд во Охрид, освен што ќе ги подобри условите за работа со странките, ќе овозможи и поголема транспарентност.
Деталната реконструкција што се изврши врз судската зграда при Основен суд во Охрид, освен што ќе ги подобри условите за работа со странките, ќе овозможи и поголема транспарентност.
Основниот суд од Охрид се отвара пред јавноста. Инвестицијата од 600 000 американски долари добиени преку проектот на Светска банка за правна и правосудна имплементација, ги подобри условите за работа во Охридскиот суд. Тоа се однесува на вработените во судот како и на граѓаните кои се странки во судот. Податокот дека во 2008 година драстично е намален бројот на судски предмети претставува добар показател дека се работи, вели претседателот на Охридскиот суд Владо Дејаноски.
Граѓаните како основна карика на општеството преку кои се гледа реалната слика на нештата, позитивно гледаат на работата на Охридскиот суд.
„Досега судовите важеа за затворени институции. Добро е познато дека точно тука најмала е циркулацијата на информации . Во таа насока веќе се превземени конкретни чекори. Од пред месец дена отворена е канцаларија за таа намена“, вели Дејаноски.
Во Охридскиот суд преку подршка на Владата на Р Македонија во период од шест месеци се изврши комплетна реконструкција на судската зграда. Со неа беа опфатени судските кабинети како и салите за судење. Сите зафати околу реконструкцијата во целост се завршени од пред еден месец.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град