Градски форум за излез од очајно лошата состојба на туризмот во Охрид. Ова е предлог на советниците на ВМРО-ДПМНЕ за излез од катастрофалоно лошата состојба на туризмот во градов.
Градски форум за излез од очајно лошата состојба на туризмот во Охрид. Ова е предлог на советниците на ВМРО-ДПМНЕ за излез од катастрофалоно лошата состојба на туризмот во градов.
Идејата за отварање на форум од ваков тип е на група советници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тие на ваков чекор биле потикнати од лажните изјави на одговорните луѓе во градот. Објаснуваат дека на полето на туризмот не цветаат рози како што се кажува, и суштинската слика е сосема нешто друго. Советникот Дејан Паноски вели дека негативности има насекаде но најизразени се во полето на туризмот.
Зошто туризмот излегува од контрола, зошто тоне во безизлезност, се најпоставуваните прашања за кои одговорните молчат и ја префрлаат вината од централно на локално ниво и обратно. Ова е констатација на туристичките работници од градот. Верица Хајба вели дека мора да направиме брендиран производ ако сакаме да развиваме туризам. Во моментов помината е црвената линија и се повеќе туризмот оди во колапс.
Сезоната од 45 дена намалена е на 30 дена. Овој податок воопшто не е за пофалба и мора да се надмине ваквиот тренд. Треба уште годинава да се постават целите и задачите за догодина, за да се постигне целта, а тоа е Охрид да биде резервиран уште од април.
На иницијатива на Верица Хајба за во среда закажан е состанок на кој учество треба да земат сите релевантни фактори инволвирани во туризмот. Целта е проблемите еднаш засекогаш да се надминат и оваа година да биде последниот негативен пример за неуспешна сезона.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град