Одбојка на плажа

Турнир во одбојка на песок на плажата Бафало Бич.

logo
лого

Натпреварувачи од сите возрасни категории ќе ги одмерат силите во аматерска и професионална лига.
Прекрасна можност за посетителите да уживаат на плажа, а воедно да се дел од овој атрактивен настан, велат организаторите.

Оваа година, четврти пат по ред, одбојкарската федерација на Македонија организира турнир во одбојка на песок. Бич волејбол на плажата Бафало овие денови нуди прекрасна забава за сите старосни категории.

odbojkariВо рамки на програмата за развој на рекреативниот спорт, насловена како „Спорт за сите, здравје за сите“ Младинскиот совет од Охрид се вклучи во ова спортско доживување.

„Нашата идеја за организирање на вакво натпреварување, коинцидираше со терминот на одбојкарската федерација, па на нивна покана ги здруживме силите и произлезе овој настан“, вели Димче Каневче од младинскиот совет на Охрид.

Учесниците на турнирот денеска одиграа неколку натпревари. Поразите и победите составен дел на секој натпревар, па така и овде. Важно е да се учествува, а не и да се победи, велат тие.

Денеска се одигруваат аматерските натпревари и натпреварите од полуфиналето во јуниорска категорија. Утре продолжуваат финалните натпревари, а во сабота и недела ќе се играат професионалните турнири во јуниорска и сениорска категорија. Прекрасна можност за посетителите да уживаат и на плажите, а воедно да се дел од овој атрактивен настан, велат од одбојкарската федерација на Македонија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top