На седум дена и шест етапи пред крајот на Тур Де Франс, јасно е дека само неочекуван пад на формата може да го спречи Алберто Контадор по втор пат во кариерата да ја освои најпрестижната трка на светот.
На седум дена и шест етапи пред крајот на Тур Де Франс, јасно е дека само неочекуван пад на формата може да го спречи Алберто Контадор по втор пат во кариерата да ја освои најпрестижната трка на светот.
Начинот на кој триумфираше во 15-та етапа, од Понтарлие до Вербие (207 километри) во швајцарските Алпи, шпанецот јасно покажа кој е „татко“ на екипата Астана и на целиот Тур.
Седумкратниот шампион и ѕвездата на тимот на Контадор, Ленс Армстронг, на целта стигна деветти со заостаток од минута и 35 секунди.
Американецот во генералниот пласман сега го зазема второто место и доцни 1:37 минути, а трет е британецот Бредли Вигинс (Гармин) со 1:46 минути заостаток.
Досегашниот носител на жолтата маичка, италијанецот Риналдо Ночетини, зад победникот задоцни 2:36 минути. Во претходните недела дена константно имаше шест секунди предност пред Контадор, но во неделата падна дури на шестото место во генералниот пласма.
Тур Де Франс, 15-та етапа, пласман:
1. Alberto Contador (Spain / Astana) 5hrs 03минути 58secs
2. Andy Schleck (Luxembourg / Saxo Bank ) +43
3. Vincenzo Nibali (Italy / Liquigas ) +1:03
4. Frank Schleck (Luxembourg / Saxo Bank ) +1:06
5. Bradley Wiggins (Britain / Garmin )
6. Carlos Sastre (Spain / Cervelo )
7. Cadel Evans (Australia / Silence – Lotto ) +1:26
8. Andreas Kloeden (Germany / Astana ) +1:29
9. Lance Armstrong (U.S. / Astana ) +1:35
10. Kim Kirchen (Luxembourg / Columbia ) +1:55
Тур Де Франс, генерален пласман:
1. Alberto Contador (Spain / Astana ) 63hrs 17минути 56секунди
2. Lance Armstrong (U.S. / Astana ) +1:37
3. Bradley Wiggins (Britain / Garmin ) +1:46
4. Andreas Kloeden (Germany / Astana ) +2:17
5. Andy Schleck (Luxembourg / Saxo Bank ) +2:26
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град