Осми триумф на Петар Стојчев

Бугарскиот маратонец Петар Стојчев, со време од 5:25:38:26 е победник на 23-от меѓународен пливачки маратон.

Petar Stojcev
Петар Стојчев

Бугарскиот маратонец Петар Стојчев, со време од 5:25:38:26 е победник на 23-от меѓународен пливачки маратон.

Во тесна и наизвасна трка по 8ми пат триумфира на патеката „Климе Савин“ долга 30км.

Gorge Ivanov„Поволните услови кои ги имавме годинава, и прекрасната организација овозможија овогодинешното издание на маратонот да заврши речиси еден час побрзо од лани. Повторно ќе настапам и догодина за да го добијам Охридскиот маратон и по 10ти пат“, изјави  Петар Стојчев.

Со време од 5:25:38:50 и заостанување од само 24 стотинки второпласиран е Александар Стужински од Германија. Веднаш зад него со врема 5:25:48 како трет на целта доплива Дамјан Блаум од Романија. Нашиот најдобар маратонец Томи Стефановски трката ја заврши како седмопласиран. Ова за него воедно беше и последен настап на Охридскиот маратон.

„Сето ова ми послужи како добра подготовка за предстијните натпреварувања“, изјави Стефановски.

Во женска конкуренција првото место и припадна на Камила Фредијанц од Италија.

Прекрасн време, убави услови на петеката и солидна организација се впечатоците по завршетокот на 23тото издание на Охридскиот маратон.

„Се е убаво кога убаво ќе заврши, а тоа се случи овојпат“ ни изјавија организацијата на маратонот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top