Одржан настанот “Родот во мојата професија”

По повод меѓународниот ден на жената во НУЦК „Григор Прличев“ беше одржан мултимедијалниот настан „Родот во мојата професија”. 

 |   | 

По повод меѓународниот ден на жената во НУЦК „Григор Прличев” беше одржан мултимедијалниот настан „Родот во мојата професија”. 

Под тезата дека борбата за женски права е секојдневна борба и дека еднаш зададените права се секогаш под ризик да бидат повторно одземени, како и тоа дека од позиција на привилегирани, имаме должност да се застапуваме за родовата еднаквост и за оние со помали привилегии, беше одржана трибина и интерактивна дискусија под истоимениот наслов, а како излагачи се претставија : Весна Ѓоршеска Кoцевска инфлуенсер; Мерсиха Исмајлоска, универзитетски професор; Кристина Тодороска Петреска, драматург; Марина Икономова Шокева, наставник и Маја Чубриќ, една од двете членки од бизнис тандемот ТрекМи.
 
Мизогинија, сексизам, мобинг, различен третман во работните односи базирани на родот, во својата најсуптилна и скриена форма, па се до експлицитна изразеност, се дел од секојдневието на речиси секоја жена професионалец. Дали ги препознаваме, дали ги игнорираме или храбро се спротиставуваме? Секоја од нас различно реагира, се справува или ги потиснува овие појави, но вистината е дека се присутни и за нив треба гласно да се зборува. Понекогаш предрасудите почнуваат дома и помеѓу најблиските. Меѓународниот ден на жената е повод да разговараме за овие теми.  Меѓународниот ден на жената е добар момент и да охрабриме и промовираме, нови генерации креативни женски сили – истакнаа организаторите на настанот.
Со групна продажна изложба, беа претставени и визуелните млади уметнички: Ирма Гогова, Ева Голабоска со брендот „З’ш да не”, Бурџу Мусли и Александра Паунческа. Настанот беше во организација на ЗПРКДУ „Креативна верига”.
 
 
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top