Kурсот на денарот останува стабилен. Народна банка на Македонија денеска одржа седница на Комитетот за финансиска стабилност. Од таму, преку соопштение информираа дека стабилноста на денарот е гарантирана, како и стабилноста на финансискиот систем, кој е подготвен да одговори на предизвиците што би можеле да произлезат од руско-украинскиот конфликт.
Од Народна банка на Македонија уверуваат дека сите финансиски услуги непречено се обезбедуваат и ќе продолжат да се обезбедуваат, во согласност со потребите на граѓаните и бизнис секторот. Надлежните регулатори, како што се наведува во соопштението, координирано ги следат состојбите и се подготвени брзо да делуваат за прилагодување на политиките во согласност со случувањата и да ја одржат финансиската стабилност која е приоритет.
Девизните резерви на државата се на високо ниво, што ја гарантира стабилноста на денарот, додека домашниот банкарски сектор е сигурен, ликвиден и соодветно капитализиран, подготвен за справување со евентуалните шокови.
Извор/Телма
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град