Првото издание на Стартап Викенд Охрид ќе се одржи во просториите на универзитетот „Св. Апостол Павле“. Стартап Викенд Охрид е настан наменет за сите млади ентузијасти кои имаат бизнис идеја или проект, но им е потребен тим, ресурси или менторска поддршка за реализирање на истиот.
Од 15-ти до 17-ти април ќе се одржи првото издание на Стартап Викенд Охрид во просториите на универзитетот „Св. Апостол Павле“. Стартап Викенд Охрид е настан наменет за сите млади ентузијасти кои имаат бизнис идеја или проект, но им е потребен тим, ресурси или менторска поддршка за реализирање на истиот.
По успешна реализација на 10 изданија на Стартап Викенд Скопје, тимот кој стои позади Стартап Македонија, поддржан од тимот на Стартап Викенд Скопје и голем број на стратап основачи и стартап ентузијасти ќе го организираат првиот стартап викенд во Охрид со цел да се даде можност за вмрежување на новата генерација на млади професионалци, иноватори и стартап ентузијасти и шанса за развој и лансирање на својот стартап во Македонија.
Охрид станува нова локација за Стартап Викенд, а ова е идеално место да се поврзат млади луѓе со пасија да креираат и иновираат нешто ново. Не постои подобро место за запознавање на пријатели и идни колеги, ментори и инвеститори. Секој може да учествува на Startup Weekend Ohrid, со идеја или без идеја, студент или професионалец, млади луѓе со искуство или без, но има само 50 слободни места и треба да бидете брзи за да го обезбедите своето место. Подгответе се за викенд со многу работа, дружење, учење и забава, во кој и давате можност вашата идеја да стане реалност – велат организаторите.
Инаку, Startup Weekend e глобален настан/хакатон кој има за цел да ги поттикне младите професионалци, фриленсери и стартап ентузијасти на една локација да оформат тим со кој ќе развијат бизнис идеја од концепт до прототип во рамки на 54 часа односно еден викенд. Учесниците оформуваат тим во кој заедно реализираат и тестираат идеја, проект на кој ќе работат.
Тимовите ќе ги доразвијат своите идеи со поддршка на над 30 Ментори (Стартап Основачи и експерти) и да го претстават својот концепт пред жири од истакнати ИТ професионалци, Бизнисмени и инвеститори.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град