Македонската репрезентација вечерва против Унгарија ќе го има својот втор настап на кошаркарското Европско првенство Б-дивизија за играчи до 20 години кое се одржува во Скопје.
После победата во првото коло против Австрија, триумф против Унгарија во вечерашниот дуел многу ќе ја доближи Македонија до влез помеѓу осумте најдобри селекции.
-Пред почетокот на шампионатот реков дека на секој натпревар ќе одиме на победа и нема да се оптоваруваме со пласманот. Ни успеа да победиме во премиерниот настап и сега не чека Унгарија. Унгарските репрезентативци се физички посилни од нашите, но и ние имаме свои шанси доколку ја одиграме нашата препознатлива игра со многу контри и брзи додавања, изјави селекторот на репрезентацијата Емил Рајковиќ.
Рајковиќ упати повик до навивачите да дојдат во што поголем број и да ги бодрат нашите млади кошаркари.
Натпреварот започнува во 21:00 часот во големата сала од спортскиот центар „Борис Трајковски“.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град