Реконструкцијата на старата училишна зграда во с. Брежани, Општина Дебрца се ближи кон својот крај. Од локалната информираат дека преостанува уште хортикултурното уредување, кое поради сезонскиот карактер оставено е за реализација во текот на месец април.

Со реализацијата на овој проект, Општина Дебрца добива современ планинарски дом, со капацитет од 20 легла. Активностите се реализираат во рамки на проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“, финансиран од Европската Унија и Министерство за локална самоуправа, преку програмата за прекугранична соработка со Албанија.
Реализатори на проектот се Црвен крст Охрид, Алпинистички клуб ПАТАГОНИЈА Охрид, Општина Дебрца и Општина Грамш од Албанија. Градежните активности се одвиваа во насока на зацврстување на објектот со армирано-бетонска конструкција, поставување санитарни јазли и електрична инсталација, поставување нова дограма, како и осовременување на градбата и нејзина преадаптација во планинарски дом.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град