Ова е второто дело на младиот автор, Мишел Наумоски. Темелната инспирација е љубовта и таа провејува во секој мој стих, додава авторот.
Ова е второто дело на младиот автор, Мишел Наумоски. Темелната инспирација е љубовта и таа провејува во секој мој стих, додава авторот.
Секое ново дело претставува одредено искажување на авторот, откривање и потврдување на неговата посветеност кон поетската потенција. Исповед на љубовта и болката, љубовта како инспирација за радост во душата. Ова е второ мое дело вели младиот автор Мишел Наумоски, и претставува мое соочување со вратите на времето.
„Темелната инспирација е љубовта и таа провејува во секој мој стих“, додава тој.
„Некој застана до мене и ги помириса моите цветови, успеа да допре подлабоко од оваа маска која што ја носам“, вели Мишел.
„Токму затоа, оваа книга им ја посветувам ним, моите драги професорки: Воскресија Љатко, Поликсена Тунтева и Милена Јакшоска, како благодарност за сета мудрост која ја всадија во мене“, додава авторот.
Видно возбудени, понесени од убавите зборови и во солзи тие не беа во состојба да застанат пред нашата камера, па во нивно име зборуваше директорот на гимназијата Св. Климент Охридски, чиј ученик бил авторот.
Сериозната обврска, преплетена со големо задоволство, за рецензија на делото ја превзема Драгица Сиљаноска во соработка со центарот за култура Григор Прличев.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град