Општина Охрид и „Стелар Солушнс“ овој петок ќе го претстават пред јавноста проектот „Roads Not Taken: Municipality of Ohrid Going Green, Smart, Innovative (OHRID GO)“, финансиран од Европската унија.
Општина Охрид и „Стелар Солушнс“ овој петок ќе го претстават пред јавноста проектот „Roads Not Taken: Municipality of Ohrid Going Green, Smart, Innovative (OHRID GO)“, финансиран од Европската унија.
Проектот е насочен на рехабилитација на областа на бившите касарни и нејзина трансформација во технолошка и рекреативна зона. Настанот ќе се фокусира на претставување на планот за скорешното воспоставување на стартап центар, наречен Касарна Хаб, во објект во бившата касарна во Охрид.
Специјален гостин на настанот ќе биде Ира Саул Рубенстеин, инвестициски консултант во областа на иновации и обновливи извори на енергија, кој работи на проект на градот Прага за рехабилитација на голема бивша индустриска зона во технолошки парк.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град