Министерството за култура годинава додели многу повеќе средства за „Охридско лето“

Националната установа „Охридско лето” за реализација на годинешната уметничка програма на Фестивалот, кој се одржува од 12 јули до 20 август, од Министерството за култура доби 32 милиони денари што е значително повисока сума за разлика од изминативе две години кога финасиската поддршка изнесуваше околу 20 милиони денари.

 |   | 

Националната установа „Охридско лето” за реализација на годинешната уметничка програма на Фестивалот, кој се одржува од 12 јули до 20 август, од Министерството за култура доби 32 милиони денари што е значително повисока сума за разлика од изминатите две години кога финансиската поддршка изнесуваше околу 20 милиони денари.

Финансиската поддршка која ја добиваме од Министерството за култура за реализација на 40-те фестивалски денови за нас е многу значајна и токму затоа сме благодарни што годинава се издвоени средства кои доликуваат на вака значајна музичко-сценска манифестација. Годинава не очекуваат 40- фестивалски вечери исполнети во висока уметност и врвни светски и домашни уметници – вели директорката на „Охридско лето”, Наташа Поповиќ.

На годинешното фестивалско издание ќе има над 50 настани со околу 1000 уметници, но деталите по традиција ќе бидат објавени на официјалната прес-конференција која е планирана во мај.  

Изминатите две години, во време на здравствена криза „Охридско лето” и покрај намалениот буџет реализираше врвна програма според сите протоколи предвидени со пандемијата ковид 19, а со акцент пред се на домашните уметници.

И покрај сите предизвици со кои се соочивме во најголемата здравствена криза успеавме да одбележиме и 60 години успешна приказна на Фестивалот. Во време кога големи светски фестивали се откажуваа имавме успешна реализација на програмата и задоволна публика. Нашата посветеност и професионалност ја препознаа бројни уметници и љубители на уметноста кои по завршувањето на Фестивалот изразија благодарност за беспрекорната организација. Тоа ни даде мотив годинава да сме уште подобри, со што најавуваме дека 62-то издание ќе биде едно од најуспешните во фестивалската историја на „Охридско лето” – вели Поповиќ.

Поповиќ информира дека уметничката програма за „Охридско лето 2022″ е веќе завршена, а во во тек се активностите за средување, опремување и адаптација на сцените и сценските простори за реализација на сценско-техничкиот дел од фестивалот.

Ме радува тоа што како тим успеавме навремено да ги направиме сите подготвителни активности за да имаме успешно фестивалско издание. Огромна благодарност до Министерството за култура за одобрените 32 милиони денари со Годинешната програма за финансирање проекти од национален интерес во културата, до Претседателот на државата, Стево Пендаровски, кој е покровител на манифестацијата, до Владата на Република Северна Македонија, до нашиот генерален спонзор Македонски телеком, до останатите спонзори и помагатели, пријатели на фестивалот, благодарност до Локалната самоуправа, благодарност и до вас медиумите кои придонесувате  „Охридско лето” да биде најголемиот културен настан како кај нас, така и на светската уметничка сцена – додава Поповиќ. 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top