Првиот натпревар од двомечот Македонија Ѓорче Петров – Бате Борисов во рамки на второто квалификационо коло од Лигата на шампионите му припадна на гостинот од Белорусија кој победи со 2:0.
Првиот натпревар од двомечот Македонија Ѓорче Петров – Бате Борисов во рамки на второто квалификационо коло од Лигата на шампионите му припадна на гостинот од Белорусија кој победи со 2:0.
Фаворитот попладнево на „Националната арена Филип Втори“ пред околу шест илјади гледачи лесно стигна до убедлива предност пред реваншот. кој за седум дена се игра во Борисов.
Фудбалерите од населбата „Ѓорче Петров“ беа рамноправни во првите 20 минути, дури и се заканија преку Даниел Мојсов кој во 10-тата минута по една нафрлена топка од слободен удар биеше со глава од 6-7 метри преку голот на Белорусите.
Гостите во втората половина од првиот дел го засилија темпото и создадоа две шанси преку Максим Скавиш и една преку Павел Нехајчик во периодот од 28-ма до 35-та минута за да во 40-тата минута Серхеј Криветс го отвори резултатот. По една длабинска топка Криветс остана сам на десетина метри во шеснаесетникот на домаќините и со прецизен удар му донесе водство на својот тим.
На почетокот од вториот дел Максим Скавиш зголеми на 2:0.
До крајот, Македонија ЃП се обидуваше да стигне до подобар резултат преку неколку удари на Нијас Лена и најголемата шанса што ја пропушти Клечкаровски во 86-тата минута.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град