Холандски и Македонски музичари на музички план ќе ги приближуваат културите на двете земји.
Холандски и Македонски музичари на музички план ќе ги приближуваат културите на двете земји.
Дваесетина млади музичари и композитори од Македонија и Холандија со проектот „Технологијата навлегува во традицијата“, ќе создаваат музика и ќе ги приближуваат двете култури вели организаторот на музичката работилница, Александар Велиновски.
Музичарот Катерина Пејоска од Холандската фондација „Зои“ е воодушевена од локациите каде што музичарите добиваат посебна инспирација за творење. Вели дека изборот да се твори на различни места в долж охридското крајбрежје се покажал многу успешен.
Герард фон Волферен, претседател на Управниот одбор на фондацијата „Зои“ е воодушевен од пријателството и музикалноста на Македонците.
Импресиониран е и од меѓусебната соработка на Холандските и Макеоднските музичари. Проектот е во реализиција на промо центарот „Јавна соба“ и холандската фондација „Зои“. Во текот на 14 дена , Холандските музичари ќе се занимаваат со музичка технологија, а пак 10 –те Македонски музичари ќе изведуваат музика на акустични, класични и народни инструменти. Она што ќе го создадат ќе го презентираат пред јавноста на 21 јули во кафе барот Дак.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град