Советниците на ПЕИ, непоканети

СДСМ пак, наместо во 5 е дел од 4 комисии. Дефинитивно се формираа општинските комисии.

 |  Билјана Колоска  | 
logo
лого

СДСМ пак, наместо во 5 е дел од 4 комисии. Дефинитивно се формираа општинските комисии.

„Формирањето на  општинските комисии ги изреволтира советниците од СДСМ. На координативната седница, беше договорено дека советничката група на СДСМ ќе учествува во работата на 5 комисии“, вели советникот Илија Мацески.

„Од добиениот материјал се гледа дека нашата советничка група ја има само во 4, која е причината незнаеме“-вели Мацески.

opstinaОчекувано дека најголем дел од комисиите ќе бидат со членови од позицијата, велат од ДПА. Иако тие на координативните седници немале големи забелешки, сепка како и тогаш така и сега, бараа советник од нивната партија да биде член на комисијата за Мандатни прашања избори и именувања.

„Според податоците, сите членови на  комисијата се од мнозинството од овој совет. Тоа е неприфатливо за мене, како координатор на советничката група на ДПА. Затоа бараме да има член од опозицијата-советник од ДПА“- вели Сурија Рашити, координатор на советничка група ДПА.

Добро е што другите политички партии имале можност на учествуваат на две координативни седници, бидејќи ПЕИ, дури сега дозна дека имало уште една таква средба, вели координаторот на партијата.

“ Досега имам присуствувано само на една, затоа сакам да знам поради која причина не бев поканет на втората координативна седница“- вели Мирсад Мемишоски од ПЕИ.

Сигурно тоа не било со некоја цел, истакна претседавачот на струшкиот совет.
Кога ги свикуваме координативните седници јасно беше кажано да ве повикнат сите, но најверојатно со вас не можеле да стапат во контак, беше образложението на претседателот на советот, Џеваир Беќири.
И покрај реакциите, сепак на денешната седница се изгласаа одлуките за форимирање на 10 -те општински комисии.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top