Влада

Во Владата денес почнува дијалог за зголемување на пензиите

Во Владата денес почнува дијалог за зголемување на пензиите. На него ќе присуствуваат вицепремиерот Фатмир Битиќи, министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, како и претставници од Сојузот на пензионери и Партијата на пензионери.

Во Владата денес ќе се одржи состанок со здруженијата на пензионери на кој ќе се разговара за барањето за зголемување на пензиите.

Состанокот ќе почне во 13:30 часот, а на него ќе присуствуваат вицепремиерот за економски ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, како и претставници од Сојузот на пензионери и Партијата на пензионери.

Со овој состанок се означува почеток на дијалогот за предлог новата методологија за покачување на пензиите – велат од Владата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top