СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.И.(63) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без лиценца”.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.И.(63) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без лиценца”.
На 27.01.2022 година, при контрола на патниот сообраќај, полициските службеници кај селото Подмолје сопреле патнички автомобил „Голф” со охридски регистарски таблици, кој пријавениот го управувал, а бил во сопственост на правно лице од Охрид. Притоа, констатирале дека тој, врши превоз на патници на релацијата Охрид-Струга без лиценца и без друга соодветна документација за превоз на патници во внатрешниот сообраќај, издадена од надлежен државен орган – информираат од СВР Охрид.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град