ТВМ Телевизија и граѓаните успешно решаваат горливите децениски проблеми во регионот. Вие пријавувате, ние регистрираме на терен и објавуваме, а надлежните преземаат конкретни мерки и чекори.
ТВМ Телевизија и граѓаните успешно решаваат горливите децениски проблеми во регионот. Вие пријавувате, ние регистрираме на терен и објавуваме, а надлежните преземаат конкретни мерки и чекори. Впрочем тоа е и целта на нашата рубрика „Ти си твојот град“, заедно да бидеме коректор на власта, заедно да ги подобруваме состојбите во општеството. Ефектот од граѓанската иницијатива е голем.
Со големиот број на граѓански пријави во рубриката „Ти си Твојот град“ упеавме да ги подобриме состојбите на оние кои живеат на маргините, на граѓаните кои се соочуваат со секојдневни проблеми од сите сфери на општествениот живот.
Изминативе месеци откако започна со работа рубриката „Ти си твојот град“ заедно успеавме да решиме повеќе локални проблеми.
*Граѓани пријавија диви депониии, ние објавивме, а надлежните ги исчистија.
*Пријавија раскопани улици, ние објавивме, надлежните асфалтираа.
*Пријавија руинирани куќи, ние објавивме, надлежните презедоа мерки за санација и безбедност на минувачите.
*Засегнати граѓани пријавивија недостиг на дневен центар за децата со церебрална парализа, ние објавивме, а општината додели простор за ваков центар.
*Жители на Стар град пријавија оштетени канализациони цефки над Античкиот театар, ние објавивме, надлежните ги санираа.
*Решававме дел од сообраќајните проблеми, проблеми на лицата со попреченост и ги поттикнавме надлежните да преземат мерки.
Со наше посредство ги поттикнуваме институциите да реагираат.
Биди и ти дел од „ТИ СИ ТВОЈОТ ГРАД“ – рубрика преку која заедно со граѓаните ги лоцираме и адресираме до надлежните сите проблеми, лоши практики и однесување во секој дел од општините Охрид, Струга, Вевчани и Дебрца, а воедно оддаваме признание и пофалба на добрите, позитивните, корисните, креативните примери од сите сфери на општествено живеење во заедницата.
Одговарајте на нашите анкети и прашалници, пријавувајте лоши практики и однесување, непочитување на законите, криминал, корупција, недоследности, предизвици, секојдневни проблеми од општественото и социјалното живеење. Нашиот тим секојдневно ги разгледува вашите пријави, заедно истражуваме и бараме решенија.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град