Поради изведување градежни работи на булеварот „Македонски Просветители” во Охрид, СВР Охрид информира дека во наредниов период на сила ќе биде изменет режим на сообраќај.
Поради изведување градежни работи на булеварот „Македонски Просветители” во Охрид, СВР Охрид информира дека во наредниов период на сила ќе биде изменет режим на сообраќај.
Имено, сообраќајот по булеварот „Македонски просветители” ќе биде дозволен од пресекот со булеварот „Туристичка” до пресекот со улицата „Димитар Влахов”, од каде во двонасочен правец ќе се одвива до пресекот со улицата „Новопректирана”. Сообраќајот по „Новопроектирана” ќе биде еднонасочен до пресекот со улицата „Партизанска”. Апелираме до возачите на моторни возила и другите учесници во сообраќајот да се придржуваат до сообраќајната хоризонтална и вертикална сигнализација, која веќе е поставена на посочените коловози и да се придржуваат до насоките на полициските службеници.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град