• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Општинската комисија за сечење дрва издала решение да се исече исушеното дрво на градскиот плоштад

Општинската комисија за сечење дрва издала решение да се исече исушеното дрво на градскиот плоштад

Утрово на градскиот плоштад е исечено стебло од повеќегодишен кедер. Општинска комисија за сечење дрва издала решение да се исече, бидејќи дрвото било исушено. Тие издале налог да се исечат и за уште неколку други исушени  стебла во Охрид. Согласно законските одредби ќе бидат посадени листопадни или зимзелени дрва во близина на тие што ќе бидат отстранети или на соодветни локации во јавното зеленило.

 |  Голабовски Крсте  | 

Исечен е повеќегодишен кедер на охридскиот Плоштад. Просторот остана без зеленило од уште едно дрво. Дел по дел беше исечено стеблото на зимзеленото дрво кое го разеленуваше овој дел од центарот, на местото познато меѓу охриѓани како „Кај Муренкана“. Кедарот ужива голема популарност како украсно дрво и е мошне застапен во хортикултурното уредување во поднебјата каде што зимската температура достигнува до −25°C.

Исековме дрво кое минатата година се исушило, а за тоа имаме решение од надлежните за негово сечење – информираат од ЈП Охридски комуналец.

Од Локалната самоуправа исто така, во писмениот допис соопштуваат дека дрвото е исечено со одобрение на општинската Комисија за сечење  дрва. Во овој период Комисијата, издала одобрение да се исечат покрај ова и уште неколку други стебла кај кои констатирале сушење на дрвата.

Според утврдената фактичка состојба, ќе бидат пресечени и една бреза пред бензинската пумпа на ЛУКОИЛ, еден јавор предмаркетот МИСА и еден јавор на бул. “Туристичка“ кај минимаркет. Паралелно со оваа акција, ќе бидат уредени крошните на дрворедот на бул. “Туристичка“ на  потегот од бензинската пумпа Билјанини извори до пресекот со улицата “Даме Груев“ – стои во дописот на Локалната Самоуправа.

Досега, екипите на јавното претпријатие Комуналец информираат дека исекле дрва, во станбениот коплекс Слобода, во Лескајца, исекле две дрва, кедар и јасен, а се исечени и паднати дрва кај Орце Николов и Лагадин. Од Комуналец информираат дека ќе засадат нови стебла во близина на исечените дрва каде што има услови за садење, но не и на местото од исечениот кедар на Плоштад. Пред неколку години беа исечени стебла кедер на плоштадот во комплексот Летница и пред хотелот Ривиера.

Минатата година во ноември, со реконструкција на улицата Македонски Просветители беа исечени повеќе стебла засадени пред 5 децении. Комисијата утврдила дека се оштетени 49 липи, 13 костени, 10 стебла на млади јавори ќе бидат пресадени, а охриѓани се обидоа со протест да ги спасат стеблата. Локалната самоуправа уверува и дека зеленилото ќе биде обновено со засадување на нови стебла.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top