• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Струга
  • Четири месеци затвор за професорот кој со метален боксирач нападна ученик во „Ибрахим Темо“

Четири месеци затвор за професорот кој со метален боксирач нападна ученик во „Ибрахим Темо“

Осудениот професор Ерол Спахо, на единственото судско рочиште што се одржа пред една недела, кажа дека инцидентот се случил по вербална расправија со негова колешка, мајка на повредениот ученик. Тој посочи дека бил нападнат во тоалетот со тупаница во главата од страна на ученикот, а боксирачот го извадил за да го исплаши, но тој завршил во главата на ученикот.

 |   | 

Професорот, кој во декември минатата година со метален боксирач нападна ученик во струшкото училиште „Ибрахим Темо“, доби пресуда за издржување казна затвор во времетраење од четири месеци.

Основниот суд во Струга го прогласи за виновен за сторено кривично дело насилство, а во изречената казна ќе му биде пресметан и периодот поминат во притвор до правосилноста на пресудата.

Осудениот професор Ерол Спахо, на единственото судско рочиште што се одржа пред една недела, кажа дека инцидентот се случил по вербална расправија со негова колешка, мајка на повредениот ученик. Тој посочи дека бил нападнат во тоалетот со тупаница во главата од страна на ученикот, а боксирачот го извадил за да го исплаши, но тој завршил во главата на ученикот.

Адвокатот на професорот тогаш побара укинување на мерката притвор со образложение дека не биле исполнети објективните елементи на кривичното дело насилство.

Има контрадикторни докази, особено исказите на сведоците и на оштетениот и спротивно на Обвинителството, одбраната бара обвинетиот да биде ослободен од ова кривично дело. Кривично дело има, тоа е телесна повреда, но таа се гони со приватна тужба, не по службена должност. Затоа побаравме притворот да му биде укинат и сметам дека судот ќе донесе правилна одлука – изјави по рочиштето на 3 февруари адвокатот Сеад Мена.

Инцидентот се случи на 23 декември минатата година во средното училиште „Ибрахим Темо“ во Струга. По нападот од професорот, ученикот бил примен на Хируршкото одделение со повреда на главата, каде што по извршеното шиење е пуштен на домашно лекување. 57-годишниот професор беше приведен од полицијата, по што му беше одредена мерка притвор, а во меѓувреме по предлог на дисциплинската комисија во училиштето престана неговиот работен однос. 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top